Македонија
??????? ?????????? ?? ???????, ?? ??? ????? ?????? ?? ???????? ?????

Скопска Апелација ја укинала пресудата на Основниот суд од Велес за случајот Ореше, со која за убиството на 74-годишниот Лазар Милошевски, на 12-годишна затворска казна беа осудени браќата Ордан и Љубомир Георгиевски.
Скопска Апелација ја укинала пресудата на Основниот суд од Велес за случајот Ореше, со која за убиството на 74-годишниот Лазар Милошевски, на 12-годишна затворска казна беа осудени браќата Ордан и Љубомир Георгиевски. По одлуката на Апелација браќата од денес по поминати 27 месеци во притвор се на слобода.
Од велешкиот суд велат дека сеуште го немаат добиено решението од Апелација. Но за ваквата разврска сепак се информирани, потврдуваат дека за случајот Ореше наскоро ќе има ново, трето судење.
Браќата Ордан и Љубомир се сомничат дека пред шест години за 50 илјади долари кои им ги исплатил Ѓоре Петревски го убиле 74 годишниот Лазар Милошевски. Додека на браќата им се судеше во Велес, според обвинението нарачателот на убиството Петревски е во имиграционен затвор во САД.
Крвна освета, така стои во обвинителниот акт е причина за убиството во велешкото село Ореше. Дали и овој пат истиот пет член кривичен судски совет ќе им суди на браќата Ѓоргиевски од судот без конкретен одговор.
„Утре кога веројатно ќе го добиеме решението ќе биде многу појасно рече за веб порталот „Лисица“ Илија Танев, судијата кој во два наврати досудуваше казна затвор за Ордан и Љубомир од по 12 години. крај/lisica.mk/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Коциќ: Блокадата на нов клинички центар е на штета на сите граѓани

Блокирањето на изградбата на нов клинички центар од страна на ВМРО-ДПМНЕ е апсурдна и на директна штета на граѓаните и македонското здравство, вели пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ.
Според него, опозициската партија блокира важен проект од витално значење за сите граѓани, без разлика на етничка, верска или политичка припадност.
„Жалиме што внатрешните пресметки во ВМРО-ДПМНЕ се прекршуваат врз грбот на граѓаните и повикуваме чесните, искрени пратеници во оваа партија да се вразумат и интересот на граѓаните да го стават на прво место“, рече Коциќ.
Да се биде против овој проект вели Коциќ е да се биде против македонското јавно здравство и против интересите на граѓаните и државата. Токму тоа според него го прави ВМРО-ДПМНЕ со блокадата со 2.000 амандмани на предлог-законот.
Тој уште еднаш апелираше пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја научат лекцијата од серијата порази и дебакли и еднаш да застанат на страната на граѓаните, наместо на страната на блокадите и деструкциите.
Македонија
Пендаровски: За борба против корупција потребни се соодветни закони и казни

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
На средбата вицепремиерот Николовски го информираше претседателот Пендаровски за мерките од усвоениот План за борба против корупција.
Претседателот Пендаровски го поздрави системот на мерки и изрази очекување дека истите ќе овозможат ефикасна превенција и борба со корупцијата.
„Борбата против криминалот и корупцијата е од исклучително значење во процесот на евроинтеграцијата, во градење на правната држава и за стекнување доверба на граѓаните во институциите. За да постигнеме резултати во овој процес неопходна е целосна транспарентност, соодветни законски решенија и санкции, и придонес од сите институции“, истакна Пендаровски.
Во таа насока, од кабинетот на претседателот информираат дека претседателот Пендаровски е подготвен соодветно да ги поддржи мерките од новиот План за борба против корупција.
Претседателот Пендаровски посочи дека важен сегмент во борбата со корупцијата е подигнување на јавната свест и охрабрување на граѓаните да пријавуваат случаи на корупција, информираат од неговиот кабинет.
Македонија
Јавно обвинителство: Од „Телеграм“ засега немаме добиено никакви податоци за случајот „Јавна соба 2“

Од Јавното обвинителство велат дека активно постапуваат за утврдување кривична одговорност во предметите поврзани со групите „Јавна соба“, во пресрет на петтиот Марш за женските права, којшто е најавен за денеска со почеток од 15 часот, каде главен фокус ќе биде токму реакцијата на институциите по однос на овој счучај.
Од обвинителството посочуваат дека во врска со случајот „Јавна соба 1“ каде преку платформата „Телеграм“ се споделуваа интимни фотографии, нарушувајќи ја приватноста на жртвите, на 5 февруари годинава донеле наредба за спроведување истражна постапка против две лица за производство и дистрибуција на детска порнографија.
„Во периодот од 19 декември 2019 до 28 јануари 2020 година, двајцата осомничени, како основач и модератор на групата, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудиовизуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудиовизуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете“, се наведува во соопштението на обвинителство во кое се додава дека истрагата во овој предмет е во тек и е во завршна фаза.
Во однос на вториот случај, „Јавна соба 2“, кој беше актуелен на почетокот на годинава, од обвинителството велат дека е во фаза на предистражна постапка.
„На 27 јануари годинава преку МВР од ‘Телеграм’ се побарани податоци за корисничките профили на креаторите, администраторите и членовите на групата. До овој момент од социјалната мрежа ‘Телеграм’ не е добиен одговор на ваквото барање. Овие податоци се неопходни со цел да се утврди идентитетот и Обвинителството да може кривично-правно да постапува против лицата инволвирани во оваа група“, посочуваат од обвинителството.
Поради ова, искористени се и механизми на меѓународна правна помош, па податоците се побарани и од Обединетото Кралство.
„Во Основното јавно обвинителство Велес во врска со ‘Јавна соба 2’ оформен е предмет и донесена е наредба за истрага против едно лице поради сомнение дека го сторило кривичното дело производство и дистрибуција на детска порнографија“, објаснуваат од обвинителството и додаваат дека при вештачење на мобилниот телефон на осомничениот, пронајдени се видеозаписи со детска порнографија.
Во однос на „Јавна соба 2“ оформени се предмети и во Битола, Прилеп и Кавадарци.
Битолското основно јавно обвинителството има издадено наредби за вештачење на ЦД и на мобилен телефон во насока на прибирање материјални докази, а во Прилеп од пријавеното лице се одземени два мобилни телефона и издадена е наредба за нивно вештачење.
Во Кавадарци во тек е прибирање на материјали докази, за кои обвинителството во моментов не е во можност да сподели детали.
Инаку, петтиот Марш за женските права, по повод Меѓународниот ден на жената, ќе се одржи под мотото „Држава што не постапува е држава што силува“.
„Маршираме за поддршка на сите жртви на криминалната група ‘Јавна соба’ и сите жртви на родово засновано насилство. Маршираме за да ги потсетиме институциите, МВР и Јавното обвинителство дека нема да застанеме додека не ги исполнат нашите барања“, велат организаторите на маршот.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“