Македонија
???????? ??? ?? ?????? ???????? ???? ????? ?? ???
Со настапот на грчкиот тим пред Меѓународниот суд на правдата, денеска во Хаг финишира вториот и последен круг од усната расправа по тужбата на Македонија против Грција.
Со настапот на грчкиот тим пред Меѓународниот суд на правдата, денеска во Хаг финишира вториот и последен круг од усната расправа по тужбата на Македонија против Грција. Предвидено е по ова судот да се повлече до донесувањето на одлуката. Се очекува конечната пресуда да биде соопштена најдоцна наесен.Првиот круг од усната расправа заврши минатата недела, додека во вториот круг Македонија ги образложи своите аргументи на 28-ми март.Целта на тужбеното барање е судот да утврди дека Грција на самитот на НАТО во Букурешт во 2008-ма година го прекршила членот 11 од привремената спогодба од 1995 година, односно дека приговорила на членството на земјата во Алијансата под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“. Од судот, исто така, се бара на Грција да и наложи понатаму да не ја прекршува спогодбата. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Бутел продолжува со асфалтирање на улиците во Визбегово
Општина Бутел информира дека продолжува со активностите за асфалтирање на улиците во населеното место Визбегово.
„Локалната самоуправа продолжува со силна динамика да ја подобрува патната инфраструктура во сите населени места во општината. Овие активности се реализирани преизборни ветувања на градоначалникот Дарко Костовски“, велат од општината.
Во тек е реконструкција и асфалтирање на вкупно 70 улици, со инвестиција од 150 милиони денари. Проектите имаат за цел унапредување на сообраќајот и зголемување на безбедноста на жителите.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши дневни притисоци врз работниците
Власта на Христијан Мицкоски продолжи каде што застана Груевски, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на работилница на Форумот на жени на СДСМ.
-Нашите граѓани секој ден по различни фокус групи сфаќаат што губат со власта на ВМРО-ДПМНЕ. Гледаме како кога на власт ќе дојде еден авторитарен режим кој што не се грижи за ништо друго, освен за своите сопствени, тесни, теснопартиски интереси, се друго паѓа во втор план. Како беа гласни работниците за своите права, за своите плати, а каков притисок сега им прават на дневно ниво, на дневна основа. Што прават докторите сега? Ние во првите години за 40% платите им ги покачивме. Сега тоа го нема, молчат. Што прават наставниците? Се плашат. Веќе и малите деца го знаат, ова е една ненародна власт. Нема друга дефиниција. Продолжија таму кај што се застана на ниво на Груевски. Ништо друго., рече Филипче.
Претседателот Филипче додаде дека единствена алтернатива која може да и се спротивстави на оваа ненародна власт е Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

