Контакт

Македонија

????????? ????? ?? ?????? ??????? ??? ?? ?????? ????? ?? ?? ???????

Објавено пред

Судскиот совет на денешната седница избра 17 нови судии низ судовите во државава. Најмногу судии Советот изгласа за новиот Виш Управен суд и тоа 12. Три места останаа непотполнети заради што Советот ќе распише повторно оглас.

Судскиот совет на денешната седница избра 17 нови судии низ судовите во државава. Најмногу судии Советот изгласа за новиот Виш Управен суд и тоа 12. Три места останаа непотполнети заради што Советот ќе распише повторно оглас. Пред да се гласа за овие судии челниот на судскиот совет Вели Ведат предложи, а Советот прифати новоизбраните судии да останат на своите досегашни работни места сè до формирањето на судот. Исто така, пред да се гласа членовите беа во дилема дали да ги прифатат кандидатурите на судии од други судови или само од Управниот суд и оние кои работеле во државни органи. На оваа поставена дилема претседателката на Советот Александра Зафировска реплицираше дека сите судови се државни органи. Дилемата беше поставена бидејќи во Уставниот суд треба да се одлучува за одредбата  според која судии во Вишиот суд може да бидат само од Управниот суд. Но изборот помина Беа избрани вработена во МВР , судии од Управниот суд, јавен обвинител. Интересна борба се случуваше за избор на петмина судии во Апелациониот суд во Скопје кој за скопските судии од организиран криминал е атрактивен суд. Но, од скопска единица  влегоа двајца од кривичниот оддел. На седницата беа предложени дури 20 кандидати, но беа избрани само тројца. Советот ќе распише повторно конкурс за две места. Интересна ситуација беше кога требаше да се избере кандидат за судија во Врховен суд. Беа предложени петмина кандидати од кои ниту еден не доби мнозинство. Судија за Врховен суд не беше избран, конкурс повторно ќе има. Судскиот совет го задолжи членот Бојан Ефтимов кој е надлежен за контрола на работењето во судот во Радовиш да испита зошто во овој суд никој не се пријавува за претседател. Денес беше трет обид на ист кандидат кој никако да го добие мнозинството. На седницата беа избрани судии во Апелација Гостивар и Штип и беше предложено да се води сметка дека во судовите нема избрани кандидати за судии од турска националност. крај/км



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Мицкоски на трибина по повод една година од првиот заразен: Се наоѓаме во апокалиптична ситуација

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска одржа средба со докторите кои се во првите редови во борбата против Ковид-19, а посочи дека трибината била свикана поради неубав јубилеј, односно година дена од првиот дијагностициран случај на Ковид-19 во земјава.

„Тогаш во тоа време не убедуваа дека опозицијата ширела лажни вести, дека опозицијата била таа која што не знаела што зборува, дека власта ги имала конците во свои раце и дека практично имале стратегија, имале план, имале визија како да спречат понатамошно ширење на вирусот. Не убедуваа дека ќе имаме не повеќе од 2.000 луѓе кои што ќе заболат од овој вирус, за жал денеска имаме повеќе од 100.000 евидентирани, можете да замислите колкава е бројката на тие кои што не се евидентирани“, посочи Мицкоски.

Тој додаде и дека повеќе од 3.000 граѓани ги загубиле животите поради, како што кажа, неспособноста на Зоран Заев и владата на СДСМ.

„За жал, и после една година ниту имаат план, ниту имаат визија, ниту пак имаат стратегија, туку напротив служиме за потсмев. Луѓето буквално играат мајтап со Македонија, единствената држава во Европа која што се уште нема набавено сопствени вакцини. Денеска еден од присутните, претседателот на комисијата, прочита фејсбук-статус од негов колега кој што буквално моли да добие вакцина од министерот, човекот има 65 години. Така што се наоѓаме во една апокалиптична ситуација за здравјето на граѓаните, за здравјето на нацијата и јас навистина единствено нешто што можам во овој момент да побарам е голема општествена поддршка да се совладаат овие неспособни луѓе кои што денеска се наоѓаат во Владата, а потоа да дојдат луѓе кои што знаат како навистина да ги решат напластените проблеми“, посочи лидерот на опозициската партија.

На 26 февруари 2020 година во земјава беше потврден првиот случај на коронавирус, кај жена која одредено време престојувала во Италија. Таа подоцна успешно се опорави од Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јанушев до Николовски: Фирмата на вашиот брат работи без да издава фискални сметки

Објавено пред

На денешната собраниска седница Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ постави прашање до Љупчо Николовски, вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, дали знае дека неговиот брат преку фирма наплаќа готовина без да издава фискална сметка, а при тоа се кршат закони.

„Плаќање во готово без издавање фискална сметка и фискални уреди не се дозволени. Значи прашањето господине вицепремиер за корупција ми е дали имате информација дека фирмата на вашиот брат овозможува, спротивно на законот што го цитирав, за готовински плаќања промет на услуги, начин на плаќање без да се издаде фискална сметка“, го праша Јнушев, Николовски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ праша дали Николовски е свесен за криминалот што се прави и дали за тоа ќе се поведе одговорност.

Прикажи повеќе...

Македонија

Состанок за новата рамка за одржлив развој меѓу Обединетите нации и Македонија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, заедно со резидентниот координатор на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Росана Дуџиакго, го одржаа првиот заеднички управен комитет за спроведување на новата рамка за соработка за одржлив развој на Обединетите нации и националните институции за 2021 година.

На воведното обраќање министерот Османи ги истакна модалитетите за најсоодветно искористување на поддршката што Република Северна Македонија ја добива од системот на ОН, а во насока на реализирање на развојните приоритети.

„Тоа што сакаме да го постигнеме е промена што е одржлива, видлива за крајните корисници – нашите граѓани, што ќе резултира во подобра правна рамка и поефикасни и одговорни институции”, истакна Османи.

На првиот состанок на Комитетот за 2021 година беа разгледани националните приоритети во доменот на одржливиот развој, при што беа одобрени клучните документи за спроведување на рамката за соработка со OОН за 2021-2025 година.

Инаку, рамката за соработка за одржлив развој на Обединетите нации со Северна Македонија за периодот 2021-2025 е стратешка програмска рамка за активностите на ООН во нашата земја и претставува збир на активности на агенциите на системот на ООН за поддршка на земјата во адресирање на приоритетите и предизвиците кон постигнување на целите за одржлив развој.

Во својство на членови на Комитетот, на состанокот активно учествуваа и министерот за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерот за образование и наука Мила Царовска, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Денеска и утре состаноци на мешовитата комисија со Бугарија, ќе се разговара за Гоце Делчев

Учебниците за седмо одделение и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се очекува да бидат ставени „на маса“...

Македонија4 часа

Почната постапката за набавка на 100.000 дози од руската вакцина

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вчера Владата го овластила да потпише договор за набавка на руската вакцина. „Станува...

Македонија4 часа

Со британскиот вид се заразени 70 проценти од тестираните во „Жан Митрев“

Британскиот вид на коронавирусот е присутен во 70 отсто од случаите, покажале испитувањата на Клиничката болница „Жан Митрев’, кои денеска...

Македонија5 часа

Захариева: Нема да подлегнеме на притисок за Северна Македонија, ЕУ не е Југославија

Бугарија нема да подлегне на притисок за интеграциите на Северна Македонија, изјави за БТВ вицепремиерката и министерка за надворешни работи,...

Европа5 часа

ЕУ е поделена околу сертификатот за вакцинација

Европските лидери денес ќе одржат состанок со цел да се договорат за сертификатите за граѓаните на Европската Унија кои биле...

Регион6 часа

Бугарија ја критикувa „Астразенека“ за доцнењето со вакцините: „Ни ја зедовте надежта“

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, ја критикуваше „Астразенека“ за неуспехот да ја испочитува договорената испорака на вакцини. Бугарија исто...

Европа17 часа

Истражување: Британскиот сој на вирусот 64 отсто ги зголемува шансите заразените да завршат во болница

Луѓето инфицирани со позаразната варијанта на коронавирусот, која првпат беше откриена во Велика Британија, имаат поголем ризик од хоспитализација, покажа...

Македонија23 часа

13 починати и 725 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на...

Македонија1 ден

Филипче: Немам информации дали Мијалков се тестирал и дали пријавил самоизолација

Министерот за здравство, Венко Филипче, нема информации за тоа дали поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков се тестирал за...

Топ1 ден

(Видео) Вработени во фабрика за канабис во Кочанско ја продавале дрогата нелегално

Тројца вработени во фабриката за канабис за медицински цели во кочанското село Уларци одгледувале марихуана за продажба на нелегалниот пазар....

Свет1 ден

Вакцината на „Синофарм“ е 72,51 процент ефикасна против коронавирусот

Подружницата на „Синофарм“ при Институтот за биолошки производи во Вухан денес објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 покажала дека во...

Македонија1 ден

Свадбите остануваат забранети

За помош на угостителите може да се разговара, но олабавувањето на мерките и дозвола за организирање свадби, како што бараат,...

Македонија1 ден

Борел: Не се преправаме дека ве сакаме, ќе почнеме преговори со Скопје и Тирана

Европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел изјави дека Европската Унија не се преправа дека го сака Западен Балкан во...

Свет1 ден

СЗО: Три нови видови коронавирус се шират низ светот од минатата година

Според податоците на СЗО, низ светот се шират три нови видови коронавирусот од минатата година. Од СЗО информираат дека новиот...

Македонија1 ден

СДСМ: Институциите покажаа капацитет за обезбедување на правдата

Христијан Мицкоски, бранителот на криминалот и потрчко на Никола Груевски и Сашо Мијалков, вчера доживеа нов пораз откако институциите покажаа...

Македонија1 ден

Денеска ќе пристигне втората пратка вакцини од Србија

Денеска треба да пристигне втората пратка од вакцините на „Фајзер“, што ќе ја достави Србија. Министерот за здравство, Венко Филипче,...

Свет2 дена

(Видео) Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес

Најдобриот голфер Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во близина на Лос...

Македонија2 дена

Мијалков однесен во домашен притвор на Водно

Во полициски автомобил со затемнети стакла Сашо Мијалков беше изнесен од Обвинителството за гонење организиран криминал. Автомобилот беше во придружба...

Македонија2 дена

Русковска: Не верувам дека Мијалков бил болен

Обвинителката Вилма Русковска рече дека е среќна што ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, сам се пријавил во Обвинителството. Таа објасни...

Македонија2 дена

И без сознанија за бегство, одреден куќен притвор за Миле Јанакиески

Определен нов куќен притвор за ексминистерот Миле Јанакиески за предметот ТНТ откога обвинителите забележале дека не може да му го...

Досие