Македонија
????????? ??????????? ?????? ????? ?? ????

Како шпекулација, невистина и дезинформација уметникот Валентина Стевановска ги оцени тврдењата на СДСМ, според кои, таа добила милионски хонорар за изработка на дел од проектите содржани во „Скопје 2014“.
Како шпекулација, невистина и дезинформација уметникот Валентина Стевановска ги оцени тврдењата на СДСМ, според кои, таа добила милионски хонорар за изработка на дел од проектите содржани во „Скопје 2014“.Најави тужба за клевета за опозициската партија. „Сите информации се невистина, шпекулација и дезинформација. Мене ми е сосема јасно дека замената на овие информации е од политички и пропагандни цели, но повторувам и потенцирам дека ниту уметноста, ниту ние уметниците треба да бидеме или сме дел од политичките пресметки помеѓу партиите. Јас ќе поднесам приватна тужба поради клевета и нарушувања на мојот углед. Мојот углед и авторитет е граден врз база на макотрпна работа, на редовна и дополнителна наобразба. И постојано докажување. Уметноста има поголема вредност од дневната политика“, вели Стевановска во реакцијата.Според тврдењето на СДСМ, Стевановска за изработката на споменикот на Александар Велики, на Воин, на Коњаник и на Триумфалната Порта добила хонорар од 2.750.000 евра. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Скопје санкционирани 269 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 269 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 78, 26 санкции за возење без возачка дозвола, 19 за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 17 санкции за користење на мобилен телефон, девет мерки за возач почетник, осум за некористење сигурносен појас, шест за минување на затворен семафор (црвено светло), 37 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Земјите вакцинираат веќе трети месец, во Македонија само неколку здравствени работници

Со оваа динамика на лажење на министерот за здравство, Венко Филипче, едно е јасно – граѓаните тешко дека ќе видат вакцина наскоро, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„По кој пат лаже Венко Филипче за стартот на вакцининацијата ни самиот не знае. За последната недела од февруари, оваа изминатава, тој најави какви се не вакцини од Фајзер, кинески, од Ковакс механизмот… На ден до први март, сите земји вакцинираат трети месец, ама во Македонија се вакцинираа само неколкумина здравствени работници и тоа благодарение на донираната вакцина од Србија.
А треба да се вакцинираат сите медицински лица, треба да се вакцинираат повозрасните од 70 години, секако треба да се вакцинираат и оние со повеќе хронични болести…и кој се не. Секако треба да се вакцинираат и оние помладите кои имаат контакти поради работното место.
Во меѓувреме се погласно се зборува и за вакцинални корона пасоши, односно ќе можете да посетите некоја земја само ако имате примено вакцина.
Со оваа динамика на лажење на Филипче едно е јасно граѓаните тешко дека ќе видат или евентуално примат вакцина насокоро. И сето ова, оваа неспособност, оваа фокусираност на тендери и провизии чини жини животи. Затоа одговорност мора да има!“, порача ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
Македонија
Сончево и ветровито време со температура до 15 степени

Времето претплaдне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од пладне облачноста ќе се намали и преку денот времето ќе биде сончево и посвежо.
Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, од пладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Денеска и во понеделник ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 7 до 10 степени. Утринските температури од понеделник на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните од среда ќе бидат во постепен пораст.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер