Македонија
???????: ?????? ?? ?????? ?????? ??????
Професорот Џејмс Крафорд, дел од грчката одбрана во процесот пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, тврди дека Македонија не понудила клучни докази со кои ќе го докажела противењето на Грција на нејзиното зачленување во НАТО-алијансата на самитот во Букурешт во 2008 година.
Професорот Џејмс Крафорд, дел од грчката одбрана во процесот пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, тврди дека Македонија не понудила клучни докази со кои ќе го докажела противењето на Грција на нејзиното зачленување во НАТО-алијансата на самитот во Букурешт во 2008 година. Смета дека недостаток на тужбеното барање е отсуството на формални документи од алијансата. „Подносителот (Македонија) вели дека не се потребни формални документи од НАТО за да се утврди прекршувањето на Времената спогодба, затоа што нивното тужбено барање се однесува на Грција, а не на НАТО. Меѓутоа, мора да се каже дека прашањето не се однесува на однесувањето на Грција, туку дали НАТО го поканил подносителот да се зачлени или не. Подносителот тврди дека е прекршена конкретна одредба и мора да даде конкретни докази за прекршувањето, без разлика дали се работи за колективна или поединечна одговорност. Единствениот доказ кој би можел да биде поднесен во смисла на член 11, став 1 не беше поднесен од страна на подносителот“, рече Крафорд. Тој го повтори грчкото гледиште дека надминувањето на спорот со името е во рамки на условот за добрососедски односи за влез во алијансата. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

