Македонија
?????? ?? ???????? ???????? ?? ??????? ?? ??????????? ?? ????????
Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска од Македонска Каменица ја поздрави одлуката за учество на сите политички партии на изборите, бидејќи, како што рече, тоа е добро и за демократијата и за граѓаните.
Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска од Македонска Каменица ја поздрави одлуката за учество на сите политички партии на изборите, бидејќи, како што рече, тоа е добро и за демократијата и за граѓаните.“Радува фактот што сите политички партии донесоа одлука да учествуваат на изборите. Тоа е добро и за демократијата и за граѓаните бидејќи тие имаат право на избор. Очекувам овие избори да поминат во најдобар можен ред, затоа што тоа и доликува на земја која е 20 години во демократија и треба да се осуди било каква најава за попречување и насилство“, изјави претседателот Иванов по поставувањето на камен темелник на плоштадот во општина Македонска Каменица.Тој апелираше до сите граѓани на Република Македонија да се заложат и да овозможат овие избори да поминат во најдобар ред, затоа што, како што нагласи, тоа е услов и за позитивен извештај од Европската комисија.На прашањето дали на последната лидерска средба неговата изјава дека некои политички партии немаат капацитет била случаен пропуст или намерна грешка, Иванов дециден во ставот дека тогаш не се чувствувалa одлука за учество на изборите. За вчерашната информација што излезе во медиумите за случајот “Надеж 2“, Иванов рече дека тоа е надлежност на институциите и дека тие треба да постапат во согласност со своите овластувања, додавајќи дека сите тие документи се јавни и дека секој има право да ги коментира.Во рамки на денешната посета на Кочани и Македонска Каменица, претседателот Иванов ќе го посети и рудникот Саса и ќе засади дрвца во јеловиштето на рудникот. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

