Македонија
????????: ?? ?? ????????? ???? ?????? ?? ????
Ќе ги исполниме сите барања и препораки на ОБСЕ, изјави премиерот Никола Груевски, запрашан околу тоа дали ќе ги исполнат барањата што опозицијата ги застапуваше до вчерашната најава дека ќе учествуваат на следните парламентарни избори.
Ќе ги исполниме сите барања и препораки на ОБСЕ, изјави премиерот Никола Груевски, запрашан околу тоа дали ќе ги исполнат барањата што опозицијата ги застапуваше до вчерашната најава дека ќе учествуваат на следните парламентарни избори.„Ќе ги исполниме сите барања кои што ги бара и препорачува ОБСЕ“, изјави премиерот Груевски.На претпоследната лидерска средба беше договорено прочистување на избирачкиот список во рок од 30 дена, а во избирачките одбори да членуваат по двајца преставници од власта и опозицијата плус еден член од администрацијата, двете барања на СДСМ. Тогаш, премиерот Груевски објасни дека се работи за условно прифаќање на барањата кои би се спровеле само во случај на учество на опозицијата на изборите. Вчера, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, се повлече од четирите предуслови и најави учество на следните парламентарни избори. Можен рок за нивно одржување, како што најави премиерот Груевски, е 5-ти јуни. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

