Македонија
????????: ?? ?? ????????? ???? ?????? ?? ????
Ќе ги исполниме сите барања и препораки на ОБСЕ, изјави премиеротГруевски, запрашан околу тоа дали ќе ги исполнат барањата што опозицијата ги застапуваше до вчерашната најава дека ќе учествуваат на следните парламентарни избори
„Ќе ги исполниме сите барања кои што ги бара и препорачува ОБСЕ“, изјави премиерот Никола Груевски.На претпоследната лидерска средба беше договорено прочистување на избирачкиот список во рок од 30 дена, а во избирачките одбори да членуваат по двајца преставници од власта и опозицијата плус еден член од администрацијата, двете барања на СДСМ. Тогаш, премиерот Груевски објасни дека се работи за условно прифаќање на барањата кои би се спровеле само во случај на учество на опозицијата на изборите. Во средата лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, се повлече од четирите предуслови и најави учество на следните парламентарни избори. Можен рок за нивно одржување, како што најави премиерот Груевски, е 5-ти јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

