Македонија
?????? ?????????? – ??????????
Помошникот на генералниот секретар на НАТО за Дирк Бренгелман на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и’изразил благодарност за посветеноста во континуитет на ресорот, што е поздравено од Алијансата
Помошникот на генералниот секретар на НАТО за Дирк Бренгелман на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и’изразил благодарност за посветеноста во континуитет на ресорот, што е поздравено од АлијансатаКако што информираат натаму од Министерството за внатрешни работи, високиот претставник на НАТО го искажал и задоволството од досегашната континуирана работа на МВР во насока на реформските процеси, како и задоволство од досегашните средби што тој како предводник на МАП Тимот на НАТО ги остварил при посетата на Република Македонија. Притоа помошникот на генералниот секретар на Алијансата за политички односи и безбедносна политика, Дирк Бренгелман изразил охрабрување да се продолжи во евроатлантските интеграции. Од своја страна, министерката Гордана Јанкулоска го информирала Бренгелман за напредокот на министерството во рамките на Годишната национална програма по приоритети и активности, со акцент на целосната посветеност за полноправно членство и посветеноста во континуитет со засилен интензитет во правец на поквалитетни односи и поблиску до членство во НАТО. На средбата биле разменети и информации за регионалната соработка во борбата против криминалот и проектирани активности за полноправно членство на Република Македонија во НАТО, соопштија од Министерството за внатрешни работи. /крај/со.сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Oблачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег
Oблачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен прaвец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.
Во Скопје, облачно и магловито, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
До почетокот на следната седмица следува период на претежно облачно време со локални врнежи од дожд на пониските и дожд и снег на повисоките места.
Македонија
(Видео) Симнете ги розовите очила и погледнете ги работниците – порачаа синдикатите до функционерите на протестот за повисоки плати, се бара 600 евра минималец
Со транспарентот „Протестираме за плата“, голем број граѓани излегоа на улиците за да го поддржат протестот на Сојузот на синдикатити и да го изразат незадоволството од ниските плати во земјава.
Синдикалците бараат зголемување на минималната плата на 600 евра, како и зголемување од по 100 евра за сите останати плати.
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порача дека доколку барањата не бидат исполнети, ќе следуваат блокади и генерален штрајк. Тој најави и собирање 10.000 потписи со кои синдикатот би станал овластен предлагач на закон за намалување на платите на функционерите за 80 проценти и зголемување на минималната плата на 600 евра, како и зголемување на другите плати за најмалку 6.000 денари.
„Ќе ве ставиме на тест, ќе гласате за себе наспроти луѓето кои ве гласаат вас, или ќе гласате за луѓето кои со нивниот глас ви го овозможуваат вашиот луксуз, а доколку не се случи тоа и вие ќе стоите од оваа страна на зградата, заедно со нас и ќе не поддржувате за да ви се зголеми вашата плата,“ додаде Трендафилов.
На протестот беше испратена пораката и дека Владата води најсиромашен народ и најсиромашна држава во Европа, со повик до функционерите да ги симнат розовите очила и да ја согледаат реалната состојба на работниците.
Од ССМ најавија дека протестите ќе продолжат сè додека не се исполни целта за зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите останати плати.

