Македонија
?? ????????? ??????? „?????????? – ?????? ?? ????“
Со дефилето на маскираните деца од скопските градинки, денеска во 11 часот и 30 минути ќе биде отворен дневниот дел на Манифестацијата „ Априлијада 2011 – Скопје се смее“.
Со дефилето на маскираните деца од скопските градинки, денеска во 11 часот и 30 минути ќе биде отворен дневниот дел на Манифестацијата „ Априлијада 2011 – Скопје се смее“. Вечерниот дел од манифестацијата што е во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ ќе почне околу 21 часот.Во четирите часа колку што ќе трае дневниот дел, ќе биде прогласена и доделена наградата за најдобра маска и за шеговит цртеж од конкурсот, ќе пеат златните славејчиња, најмладите на плоштадот „Македонија“ ќе настапат оркестарот и солистите од Детскиот културен центар „Карпош“, балерините од студиото “Ребис“, фолклорниот ансамбл на ДКЦ „Карпош“ и балетско-ритмичките групи од основните училишта. Во 21 часот водителите Кили и Марија ќе ја отворат Манифестацијата, во вечерниот дел кога ќе настапат музичката група „Белезгија“, виолинистот Зоран Џорлев, Александар Митевски, предвиден и еден блок со караоке, а со настапот на ДЈ Бабура, што ќе трае до раните утрински часови, ќе биде затворена оваа еднодневна Манифестација.Вечерниот дел ќе биде постојано придружуван од жонглерското студио „Фаз Бабл“ како на сцената, така и во публиката. Околу 22 часот, ќе биде прогласена и најдобрата групна маска од пријавените средношколци на конкурсот, а Манифестацијата ќе заврши со атрактивна пиротехничка егзибиција.Априлијада “Скопје се смее“, се реализира под покровителство на Град Скопје. /крај/к.с
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Трето судење за „Пулс“: Нов обид за воведни зборови на одбраната
Судењето за дискотеката „Пулс“ во која загинаа 63 лица и околу 200 беа повредени продолжува денеска со трето рочиште. Се очекуваат воведните зборови од одбраната, кои требаше да почнат минатата недела, но бранителите на обвинетите побараа интегрираниот обвинителен акт покрај тоа што судот им го испратил нив како бранители официјално да им го испрати и на обвинетите, оти како што рече Петре Шилегов, адвокат на еден од обвиннетите, не е работа на бранителите да бидат судски доставувачи.
Судијката Диана Груевска Илиевска ги одложи воведните зборови за следно судење и остави рок од шест дена за судска достава на интегрираните обвиненија и до обвинетите.
Откако не почна со воведни зборови, на рочиштето од минатата недела судијката Груевска Илиевска побара оштетените да се изјаснат за оштетни побарувања. Но и оваа постапка не можеше до крај да биде завршена бидејќи немаше адреси од сите оштетени, па уште на рочиштето од минатата недела побара нова листа со мејлови од сите оштетени и најави дека во истиот рок од шест дена во кој треба да се достават интегрираните обвиненија и на обвинетите, ќе се доставуваат и известувања до сите оштетени дека треба да се појават на судење за да се изјаснат за оштетни побарувања.
Иако судијката Груевска Илиевска најави динамика од две судења неделно, поради недостатокот од адреси од оштетените и поради неиспратените интегрирани обвиненија до обвинетите, мораше едното судење да го одложи и затоа судењето продолжува денеска.
За трагедијата во „Пулс“ обвинети се 35 физички и три правни лица. Судењето почна на 19 ноември со воведни зборови од одбраната.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците на ул. Хелсинки од бр. 22 до бр. 36, општина Карпош.
Македонија
Следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од денеска во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.

