Македонија
Стојановски:Реформите во Армијата ќе бидат забавени ако се скусат финансиите
Доколку финансиски не се поддржани реформските процеси не само во Армијата, туку и во која било друга институција, тие ќе бидат забавени или ќе бидат загрозени.
Доколку финансиски не се поддржани реформските процеси не само во Армијата, туку и во која било друга институција, тие ќе бидат забавени или ќе бидат загрозени. Ова го изјави началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Мирослав Стојановски во Неделното интервју за Радио Слободна Европа. Тој изрази надеж дека буџетот за Армијата во наредниот период ќе расте и ќе се врати на оние позиции кои биле пред многу години. „Во секој случај буџетот влијае врз процесот на модернизација и осовременување, можам слободно да кажам дека последните години тој е успорен“, вели Стојановски. Тој додава дека која и да е политичка партија на власт, мора да посвети поголемо внимание на одбраната, бидејќи, според него, таа е гарант на безбедноста и суверенитетот на една држава. Запрашан дали има политички амбиции, Стојановски рече дека не размислувал за такво нешто, туку дека се залага Армијата да остане деполитизирана институција, каде што главна препорака ќе биде квалитетот на персоналот и нивниот професионализам. /крај/рсе/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците на ул. Хелсинки од бр. 22 до бр. 36, општина Карпош.
Македонија
Следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од денеска во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.
Македонија
Општина Чаир: Утре ќе се одржи комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи
Комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи ќе се одржи во вторник, 2 Декември 2025 година, во 13:00 часот, во општина Чаир.
„Овој момент на сеќавање има за цел да го пренесе поширокото културно и институционално признание за неговото дело и за влијанието што го остави во албанската музичка уметност.
Паралелно, книгата за сочувство ќе биде поставена во просториите на Општината и ќе биде отворена од вторник до петок, за сите граѓани и претставници на уметничката заедница кои сакаат да го изразат своето сочувство“, велат од општина Чаир.

