Македонија
Промовиран проектот „Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување“
„Не постои добра усогласеност меѓу понудата и побарувачката на пазарот на трудот што резултира со невработеност и неискористен млад потенцијал, рече Ѓорги Кушевски од УСАИД
Според него, младите ги немаат потребните вештини за да се справат на работното место, што резултира со голем процент на невработеност.Поради тоа, УСАИД, Министерството за образование и Министерството за труд и социјална политика денеска го започнаа проектот „Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување (Мрежа ЈЕС), кој има за цел да им помогне на младите луѓе да се стекнат со неопходни вештини, со кои ќе можат да учествуваат во економијата.Мрежата ЈЕС ќе биде врска меѓу Агенцијата за вработување, средните стручни училишта и невладините организации чија цел е да им обезбеди обуки на младите на возраст од 16 до 25 години за вештини како што се тимска работа, комуникација, лидерство и работно искуство.Мрежата ЈЕС ќе основа совети со кои ќе раководат локалните самоуправи, кои ќе ги поврзат работодавачите, едукаторите, невладините организации и општините за подобро усогласување на вештините кои се бараат на локалниот пазар на труд со вештините кои се развиваат преку образовниот систем.Во проектот предвидена е и обука на наставниците за тоа каков кадар им е потребен на компаниите, а во училиштата ќе се отвараат центри за кариерно советување.Ѓорги Кушевски кој е координатор на проектот вели дека истражувањата за овој проект покажале дека барањата на работодавачите стануваат се поголеми. Дури 50 отсто од компаниите немаат соодветен кадар, а 77 проценти од компаниите имаат потреба од дополнителна обука на кадрите.Според него покрај соодветното образование и познавање на странски јазици и компјутерски вештини, компаниите бараат и сет вештини како што се тимска работа, комуникациски и организациски вештини, креативност, а работното место е исклучително ценето на пазарот на трудот.„Она што е клучен проблем во Македонија во делот на невработеноста е тоа што многу ретко се соединуваат понудата и побарувачката на пазарот на трудот и тоа поради дефицитарни кадри кои не се интересни за оние кои учат или студираат. Втор проблем е тоа што нивото на вештини и компетенции со кои се стекнуваат учениците е на низок степен и во тој правец ги развиваме овие програми“ – изјави министерот за образование Никола Тодоров Проектот ќе трае до 2015 година, ќе опфати десет општини, а во првата фаза ќе бидат опфатени градовите Струмица, Битола и Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

