Македонија
Кондарко: Ќе работам во согласност со Законот, но не кријам дека сум од СДСМ
Новоизбраниот претседател на Државната изборна комисија(ДИК) Борис Кондарко за Макфакс вели дека ќе работи во согласност со Законот и дека очекува власта да покаже подготвеност за спроведување на фер и демократски услови.
Новоизбраниот претседател на Државната изборна комисија(ДИК) Борис Кондарко за Макфакс вели дека ќе работи во согласност со Законот и дека очекува власта да покаже подготвеност за спроведување на фер и демократски услови.
„Јас сум предложен како партиски кандидат и не мислам да се кријам дека сум од СДСМ, но ќе работам согласно законот. Ќе ги оправдам очекувањата за спроведување на фер и демократски избори, но очекувам и власта да покаже подготвеност за истото“, изјави Кондарко.
Тој вели дека немал законска обврска да присуствува на денешното гласање на собраниската седница, а за неприсуството на СДСМ нагласи дека тоа е однос кон власта, а не кон него како кандидат.
Од партијата која го предложи за претседател на ДИК, велат дека неговиот избор е законска обврска.
„Денешниот избор на Борис Кондарко за претседател на ДИК не е добра волја ниту на Груевски, ниту на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е нивна законска обврска на која всушност тие инсистираа при барањето за измени на Изборниот законик во 2006-та година“, изјави Ана Павлеска Данева од СДСМ.
Без разлика на тоа што Кондарко е избран за претседател на ДИК, таа истакна дека тоа нема да го смени фактот дека за првпат во историјата на Македонија се оди на избори без консензус.
„Се воспоставуваат правила на игра и на изборна игра без присуство на опозицијата и без широк консензус. Самиот овој факт покажува на тоа дека целокупната одговорност за создавање на услови за фер и слободни избори паѓа на власта“, додаде Данева./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

