Македонија
Прогласена епидемија на ситни сипаници во целата држава

Бројот на заболени од морбили достигна 768 лица и постојано расте, поради што министерот за здравство Бујар Османи денеска потпиша одлука со која се прогласува епидемија во целата држава.
Бројот на заболени од морбили достигна 768 лица и постојано расте, поради што министерот за здравство Бујар Османи денеска потпиша одлука со која се прогласува епидемија во целата држава.
„Се донесе заклучок да се вакцинираат сите граѓани од шест месечна до 40 годишна возраст. Досега тоа се правеше само во градовите каде што имаше појава на случаи, но од денеска со потпишување на одлуката, тоа се однесува на сите деца од шест до 12 месечна возраст и од 13 месечна возраст до 40 годишна возраст за сите што се со една доза вакцинирани или не се воопшто вакцинирани“, рече Османи
Покрај ова, Османи рече дека се креира и таканаречена „Брза патека“ за движење на пациентите, создавање на пунктови на лекари и медицински тимови во градовите каде граѓаните кои што имаат симптоми ќе можат да се вакцинираат.
Поради опасноста за ширење на заразата, Министерството за здравство воведе и вонредни мерки .
Инфективните одделенија, односно болниците ќе треба да обезбедат посебни влезови и посебни стационарни одделенија за згрижување на пациентите со морбили.
Матичните лекари ќе имаат можност неограничено да даваат упати за инфективните одделенија без притоа Фондот да им ги пресмета во квотата за упатување.
Ќе се воведе и ограничување на посети во болниците со посебен режим кој дополнително ќе биде разработен и доставен до болниците од јавниот и приватниот сектор.
“Не треба да се предизвика страв, бидејќи епидемија значи само адаптирање на системот на одредени вонредни околности и работење под посебен режим, меѓутоа активностите и секојдневниот живот на граѓаните продолжува без ограничување, освен со посветување на поголемо внимание кај вунерабилните групи“, потенцираше Османи.
Јованка Костова претседател на Комисијата за заразни болести рече дека има над 250 заболени возрасни лица и дека помал е одзивот за вакцинација кај постарите лица.
Поради тоа одлучиле екипите да одат на терен во селата за да промовираат повик на вакцинација заедно со сите структури во селата, а другиот ден да се спроведе вакцинација./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кирков до Арсовска: Знаете ли дека ви изгореа „Дрисла“, „Вардариште“, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советнинкот во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, со објава на социјалните мрежи ја праша градоначалничката Данела Арсовска дали знае, дека изгореа Дрисла и Вардариште а како што вели Скопје е затрупано со смет кој никој не го собира.
„Добар ден градоначалничке?
Како сте?
Знаете ли дека Дрисла ви изгоре, Вардариште исто така, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате. Орце се утепа од работа да го гаси вашиот пожар.
А со ЈСП до каде сте?
Нели Скопје ќе го правевте модерен град“.
За Зоолошка, вели Кирков да не правиме муабет.
„Таму животните умираат од болести од 19 век. Ова се лошите вести, добрите се што Скопје ќе ве преживее.
Си одите уште месец дена“, пишува тој во објавата.
Македонија
Утревечер собир на плоштадот „Македонија“ во Скопје: со ѕвездено небо и молк да обележиме шест месеци од масакрот во Кочани

Утре во 20:16 часот, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, ќе се одржи собир на кој ќе се обележат шест месеци од пожарот во дискотеката во Кочани со 62 жртви и над 200 повредени.
Иницијативата „Кој е следен?“ и студентски активисти повикуваат на достоинствено сеќавање, со ѕвездено небо и молк, како симбол на солидарност и граѓанска одговорност.
„Ова не беше несреќа. Не беше трагедија. Беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Не смееме да отрпнеме. Болката мора да ја почувствуваме сите заедно . таа болка треба да не разбесни и да не поттикне на акција. Вистинската борба за живот или смрт е токму борбата за Кочани“, велат организаторите.
Обвинението, поднесено во јуни, сè уште не е оценето од надлежниот суд, поради обемноста на предметот и бројните приговори од страна на обвинетите. Вкупно 34 физички и три правни лица се соочуваат со обвиненија.
Семејствата на загинатите преку „Марш на ангелите“ во Кочани секоја сабота веќе шест месеци бараат одговорност и правда за нивните деца, а протести се организира и во други градови.
Македонија
Јаневска потпиша протокол: Македонија и Турција ќе разменуваат наставно – научен кадар, ученици и студенти

Македонија и Турција ќе потпишат протокол за соработка во областа на науката, технологијата и иновациите. Дефинирањето на содржината на документот е во финална фаза и за истиот се дискутираше на денешната средба помеѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и турскиот амбасадор Фатих Улусој.
„Двете страни изразија подготвеност процесот да биде заокружен до крајот на годината, а потпишувањето на протоколот ќе ги зајакне односите помеѓу двете држави и ќе обезбеди поголема соработка помеѓу образовните и научните установи, размена на наставно – научен кадар, ученици и студенти“, велат од Министерството за образование.
За време на средбата, министерката Јаневска го претстави концептот за основање на првиот технолошки парк во Скопје, а турската страна изрази подготвеност да ја поддржи реализацијата на оваа идеја преку претставници на турската бизнис заедница во Македонија.
На средбата се зборуваше и за унапредување на наставата на турски јазик во Македонија која ја следат над 8000 ученици, преку повеќе обуки за наставникот кадар и вложување во додатни наставни помагала и опрема.