Македонија
Делегација на хрватската армија во Македонија
АРМ и Вооружените сили на Република Хрватска ја продолжуваат одличната соработка како на билатерален план така и во рамките на Јадранската група, соопштија од Министерството за одбрана на Република Македонија.
АРМ и Вооружените сили на Република Хрватска ја продолжуваат одличната соработка како на билатерален план така и во рамките на Јадранската група, соопштија од Министерството за одбрана на Република Македонија.Тесната соработка меѓу вооружените сили на двете земји е посебно изразена во делот на обуката , изведување заеднички вежби, воената едукација, размена на искуства од учеството во мировни мисии и друго.Како што се додава во соопштението од МО, тоа се потврдува и со посетата на високата делегација на Вооружените сили на Република Хрватска, предводена од заменикот на началникот на Генералштабот на Хрватската армија, генерал-полковник Славко Бариќ, којашто од денеска престојува во дводневна официјална посета на АРМ. На средбата во Генералштабот на АРМ, пред делегацијата од Република Хрватска, чиј официјален домаќин е заменикот на началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Насер Сејдини, е разговарано за можностите за проширување на билатералната соработка меѓу двете армии, како и за размената на искуства и научени лекции од извршувањето на мисиите предводени од НАТО, ЕУ и ООН. Денеска генералот Бариќ се сретна и со заменикот на министерот за одбрана, Емил Димитриев, при што од двете страни било високо оценета соработката во делот на одбраната, која во наредниот период, како што најавуваат од МО, ќе се интензивира.Во рамките на посетата, делегацијата на хрватската војска денеска ќе го посети и Воено-медицинскиот центар на АРМ, а за утре е предвидена средба со Командантот на Здружената оперативна команда на АРМ и посета на Армискиот полигон ,,Криволак“. /крај/со/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Бутел започна изградба на 40 пешачки и пристапни патеки во Скопје Север
Општина Бутел денеска (23 февруари 2026) започна активности за изградба на 40 пешачки и пристапни патеки до станбените згради во населбата Скопје Север.
Градежните работи опфаќаат реконструкција на пристапните влезови до станбените објекти на улиците „Боро Менков“, „Лазо Москов“, „Гоце Стојчевски“ и „Костурска“.
Од општината информираат дека новите пешачки патеки ќе го олеснат движењето на граѓаните и ќе придонесат за спречување на поплавување на влезовите на зградите.
Реализацијата на проектот, како што наведуваат, претставува исполнување на предизборните ветувања на градоначалникот за еднаков и рамномерен развој на сите населени места во општината.
Македонија
Ангелов на работен состанок во Министерството за правда за измени на Законот за здруженија и фондации
На барање на директорот Стојанче Ангелов на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), денеска беше одржан работен состанок во Министерство за правда, посветен на најавените измени на Законот за здруженија и фондации, што директно ги засегаат доброволните противпожарни друштва во Македонија.
На состанокот беа разгледани можните правни импликации од предложените измени, со посебен акцент на правниот статус и функционирањето на доброволните противпожарни друштва (ДПД), нивната улога во системот за заштита и спасување и на потребата од усогласување на законската рамка со реалните теренски потреби и со европските практики.
Притоа, Ангелов, заедно со тим од ДЗС и од претставници на ДПД, ја истакна важноста од заштита, унапредување и институционално препознавање на доброволниот сектор, како клучен партнер во справувањето со кризи, пожари и природни непогоди. Соработката помеѓу институциите и доброволниот сектор е еден од темелите за ефикасен и функционален систем за заштита и спасување во Македонија.
Македонија
Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово
Во неколку училишта во Скопје и во Тетово денеска биле примени дојави за поставени експлозивни направи, но по извршените проверки било утврдено дека станува збор за лажни пријави.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по добивањето на пријавите биле преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници.
„Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопштија од МВР.
Во Тетово дојавите ги опфатиле средните училишта СОУ „Никола Штејн“, СОУ Гимназија „7 Март“, СОУ Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ и СОУ „8 Септември“.
Кај основните училишта биле опфатени ООУ „Истикбал“, ООУ „Кирил и Методиј“, ООУ „Братство-Мигени“, ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Беса“ и ООУ „Прпарими“.
Надлежните институции продолжуваат со преземање мерки за расчистување на случајот.

