Македонија
СДСМ: Студентите нема да заборават што им направи ВМРО-ДПМНЕ

Владата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ прави очајнички обиди да го ублажи изборниот пораз, но студентите нема да заборават дека сите години останавте глуви на студентските барања, обвини на денешната прес-конференција претседателот на младината на СДСМ, Дарко Давитковски
Владата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ прави очајнички обиди да го ублажи изборниот пораз, но студентите нема да заборават дека сите години останавте глуви на студентските барања, обвини на денешната прес-конференција претседателот на младината на СДСМ, Дарко Давитковски„Сега, во очи на изборите, овој тоталитарен режим во заминување ќе почне да ги дели студентските стипендии, кои доцнат повеќе од една година“, рече Давитковски.„Дали сте свесни“, прашува Давитковски, „дека со неисплаќањето на стипендиите повеќе од една година на студентите сте им скратиле од хранарината, сте оневозможиле редовно да си ги плаќаат киријата за разрушените студентски домови и сте ги оставиле на цедило?“Партиските војници на ВМРО-ДПМНЕ во студентските организации никаде ги нема проговорат за мизерниот студентски стандард, , за условите и за понижувачкиот начин на сместување во студентските домови, додаде Давитковски на денешната прес-конференција. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, одговараат со прашање до претседателот на младината на СДСМ дали може искрено лично да се сети на барем едно добро дело направено за студентите, односно младите луѓе во време кога СДСМ беше на власт.„Нема такво дело, нема таков проект. Тотална нула. Но, за разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ во овој период направи многу повеќе отколку СДСМ за целиот период кога била на власт“, се вели во реакцијата на оваа партија.ВМРО-ДПМНЕ ја намали партипацијата за студирање од 1.200 евра во времето на СДСМ, на 200 евра, обезбеди бесплатни учебници, обезбеди бесплатен превоз сместување во ученички домови, се вели меѓу другото во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. /крај/со/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1,83 милиони граѓани

Во 7 часот денеска започна гласањето на осмите Локални избори од осамостојувањето на државата.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Меѓу вкупниот број државјани со право на глас се и 112 илјади запишани во посебниот Избирачки список со лица во странство, како и 2.162 лица во затвор односно притвор и 450 гласачи од домовите за стари лица.
Локалните избори се одржуваат во сите 80 општини во државата и во Град Скопје.
Се гласа на 3.474 избирачки места.
На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.
Македонија
Попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“

Попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“ по дождливо време и според вообичаената маршрута, но без давање официјална изјава од нив, што досега беше начин на комуникацијата на родителите на починатите со јавноста.
Преку испишаните пораки на транспарентите, тие и денеска за трагедијата во „Пулс“ ги обвинија институциите, од кои бараат правда и праведно судење. Десетина минути беше блокиран сообраќајот на улицата „Стево Теодосиевски“, кај двојниот мост на Кочанска Река.
Маршот за нивните ангели родителите го почнаа од „Паркот на Револуцијата“, од каде се упатија кон Трговскиот центар. Марширањето продолжи кон Основниот суд со кратки запирања пред зградата на УЈП и Полициската станица.
27. „Марш за ангелите“ во Кочани денеска заврши каде и што почна – во „Паркот на Револуцијата“.