Македонија
Регионалната стратегија за заштита на речните сливови
Меѓународната заедница треба да ја препознае потребата од заедничко дејствување на државите од Балканот за заштита на реките и нивните сливови и независно од неповолната економска ситуација
Меѓународната заедница треба да ја препознае потребата од заедничко дејствување на државите од Балканот за заштита на реките и нивните сливови и независно од неповолната економска ситуација предизвикана од светската криза да ги поддржи заедничките активности за зачувување на водните ресурси, пренесува Охрид Њуз.Ова го порача министерот за заштита на животната средина и просторно планирање, Неџати Јакупи пред учесниците на Регионалната конференција што се одржува во Охрид.„Заштитата на водите и водните екосистеми мора да се смета како заедничка цел на меѓународната заедница – водата е природно заедничко наследство од најголема важност за развојот на земјоделството и рибарството, туризмот индустријата, транспортот, како и за обезбедување на комуналните услуги за граѓанското општество. Според тоа , принципите на заштитата на водите мора да се земат предвид во процесот на донесување одлуки кои се однесуваат на сите сектори и политики“, министерот Јакупи.Целта на конференцијата на која учествуваат 70 претставници од десет држави од регионот, како и ресорни министри од Албанија, Србија, Косово и Македонија, е развивање на заедничка визија за одржливото управување со речните сливови и унапредување на соработката во прекуграничен контекст. Предвидено е во рамки на конференцијата да бидат усвоени две заеднички декларации – за интегрирано управување со речни сливови и за Дримскиот речен сливРегионалната министерска конференција за интегрирано управување со речни сливови што се одржува во Охрид ја организира Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ, со поддршка на Италијанското министерство за животна средина, копно и море и Програмата за развој на Обединетите нации. /крај/охридњуз/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

