Македонија
Уништени убојните средства пронајдени во Охридското Езеро
Околу 1,5 тони неексплодирани убојни средства од периодот на Балканските и Светските војни кои беа извадени од дното на Охридското Езеро од специјалниот тим за деминирање, викендов беа уништени на полигонот во Кичево, пренесува Охрид Њуз.
Околу 1,5 тони неексплодирани убојни средства од периодот на Балканските и Светските војни кои беа извадени од дното на Охридското Езеро од специјалниот тим за деминирање, викендов беа уништени на полигонот во Кичево, пренесува Охрид Њуз. Активностите се дел од втората фаза од акцијата за чистење на Охридското Езеро од неексплодирани убојни средства што почна лани. Во текот на акцијата на повеќе локации во центарот на градот и во Пештани извадени беа повеќе од шест тони неексплодирани убојни средства лоцирани со специјални детектори, кои заедно со мамут пумпа за чистење на тињата беа донирани на Дирекцијата за заштита и спасување на Македонија, која ја организираше акцијата за деминирање. Официјално акцијата завршува на 20-ти април кога ќе биде соопштени резултатите. Во првата фаза од акцијата, минатата година, од Охридското Езеро беа извадени 7,3 тони неексплодирани убојни средства. Се очекува годинава тој број да биде надминат.Проектот се реализираше со финансиска поддршка на американската Влада и Меѓународната фондација за заштита од мини „ИТФ“ од Словенија. /крај/охридњуз/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

