Македонија
Се гради пешачката патека на езерото Младост

Се гради сопртската патека на Езерото Младост кај Велес. Таа ќе биде долга пет километри ќе ги поврзува двата краја на езерото, а на неа ќе може да се џогира но и да се воза велосипеди.
Се гради сопртската патека на Езерото Младост кај Велес. Таа ќе биде долга пет километри ќе ги поврзува двата краја на езерото, а на неа ќе може да се џогира но и да се воза велосипеди.Како се одвивааат градежните работи денеска на лице место виде министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. „Паралелно тука на Езерото Младост се работат повеќе активности, се прави патеката но и се работи на расчистување на просторот и на оформување на плажи. На овој начи ќе се подобри туристичката понуда на езерото “, рече министерот Јанакиески. За локалната власт, езерото Младост е значајно за развој на транзитниот туризам. Со доделување на плацовите за изградба на викенд куќи, како и на угостителските објекти Младост ќе прерасне во значаен рекреативен центар во Мкаедонија. „Правиме напори да ја зголемиме туристичката понуда, на Младост ќе има повеќе содржини. Општината планира да ги заокружи сите урбанистички работи но и да се донесе нов ДУП. Со акцијата на Владата за продажба на еден метар кавдратен земјиште за едно евро ќе се продадат и парцелите предвидени за изградба на хотели, мотели и автокампови“, рече градоначалникот на Велес, Горан Петров. Покрај изградбата на патеката на Младост се работи и на оформување на плажи. Тие според министерот Јанакиески веројатно ќе бидат дадени под концесија.Финасирањето на градежните работи е со средстав од Владата на Република Македонија и локалната власт./крај/лис/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Непречен сообраќај по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Дел од неколку населби во Скопје без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од делови од улиците: Богомилски Поход, Благоја Мучето, Тодор Чангов и Ѓорѓе Андреевиќ Кун. (Општина Ародром)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Беласица и дел од ул. Петричка. (Општина Центар)
· од 09:00 до 11:30 часот, корисниците од дел од бул. Партизански Одреди (во околината на Градежниот факултет). (Општина Центар)
· од 11:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Исаија Маџовски и дел од ул. Воин Драшкоци. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи

Времето денеска, променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни претпладне во источните делови каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 л/м2), силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Претпладне ќе има пороен дожд и грмежи, а попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во петок и сабота во текот на денот ќе има преодно стабилизирање на времето. Во недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури (за 7 до 10 степени).