Македонија
Започнува дводневен музички фестивал во МКЦ
Првото издание на Фестивалот на нова музика „Здраво Млади“ ќе се одржи денеска и утре во во салата “25 мај“ во Младинскиот културен центар во Скопје.
Првото издание на Фестивалот на нова музика „Здраво Млади“ ќе се одржи денеска и утре во во салата “25 мај“ во Младинскиот културен центар во Скопје.Фестивалот донесува нови и свежи имиња од светската музичка сцена. Од регионот како Hemendex, Kriške, Nasekomix, The No Sin, како и македонските Хахаха и Ади. Артистите од регионот сцената во МКЦ ќе ја делат со неколкуте надоаѓачки европски и светски ѕвезди: No Age, Bomb the Bass, Handsome Furs, Ulrich Schnauss и Lushlife. Фестивалот ЗДРАВО МЛАДИ! во своето дебитантско појавување во петок на 22-ри април ќе ни ги претстави Ulrich Schnauss, германскиот продуцент – ремикс “чудо од дете и синтисајзерски гениј“ и Lushlife , прогресивната американска хипхоп сензација, како и Кришке, најрепрезентативниот квартет од срцето на подземнииот Белград, Nasekomix , софискиот авангарден минималистички микс на електронска музика, џез рок, панк, инди и трип хоп, The No Sin , култното грчко гаражно рок комбо и македонскиот Ади, потенцијално најавангардниот гитарист на овие простори.Во сабота на 23 април во МКЦ ќе настапат No Age, супериорно најекспонираната нова американска гитарска појава Bomb the Bass, британската електро икона, Handsome Furs, шармантното и искреното канадско дуо, Hemendex, најновото загрепско изненадување на балканската клубска танц територија, како и нашите Хахаха, во моментов, нашето најпотентно “гладно за инди-рок“ трио.Влезниците за фестивалот се сеуште по популарна цена од 500 денари (дводневна фестивалска влезница) и 300 денари (еднодневна). На самиот ден на фестивалот дводневната влезница ќе чини 700 денари, а еднодневната 400 денари,а ќе можат да се купат на билетарата на МКЦ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони
Грчките земјоделци го затворија граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сообраќај на сите возила до 16 часот по грчко, односно 15 часот по македонско време, а за попладне планирана е втора четиричасовна блокада од 18 часот по локално време.
По пауза од четири дена и отворени автопатишта и гранични премини за време на Божиќ, земјоделците од денеска одново ги вратија блокадите на низа локации во цела Грција.
Македонија
Охриѓани ги разбуди земјотрес
Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван ноќеска во Охрид и околината. Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 2,2, а е почувствуван во 03:18 часот.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга на околу 105 километри југозападно од Скопје.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да одговори на кое име му е станот во Дубаи?
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, како што велат, вистинското лице на СДСМ излегува на површина, откако по седумгодишното владеење, кое според партијата било обележано со корупција и уништување на државата и економијата, поранешните функционери ги пренасочиле своите бизниси во една од најбогатите држави во светот – Обединетите Арапски Емирати.
Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека по долг период на јавно укажување и неколку дена по сведоштвото дека поранешниот премиер Зоран Заев гради 42-катница во Дубаи, стигнала и потврда од претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
На новинарско прашање дали заедно со Заев гради висококатница во Дубаи, Филипче одговорил дека тој не градел, што, според ВМРО-ДПМНЕ, претставува индиректна потврда на нивните тврдења и на сведоштвото на Тома Аврамски дека токму Заев е инвеститорот на 42-катната зграда.
„Признанието дека Филипче не гради, не може да се толкува поинаку освен како официјална потврда дека неговиот ментор, Зоран Заев, го проширил својот бизнис и инвестира во градежништвото во Дубаи“, соопштуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Филипче сега треба јавно да одговори како се стекнал со таканаречената златна виза во Дубаи, со оглед дека, како што велат, досега не презентирал докази за најавуваниот работен ангажман во тамошни здравствени установи.
„Ако не градел со Заев, на кој начин се стекнал со златна виза?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, отворајќи и дилема дали станот спомнат во сведоштвото на Аврамски е во сопственост на Филипче или истиот бил префрлен на трето лице.
Партијата нагласува дека одговори ѝ должи и јавноста и Зоран Заев, кој, според нив, треба јавно да соопшти како дошол до милионите со кои инвестира и гради облакодери во Дубаи.
„Апелираме да не се одолговлекува, бидејќи вистината, порано или подоцна, секогаш излегува на виделина“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

