Македонија
ДОМ ги поддржа велешките екологисти

Партијата ДОМ им дава силна поддршка на велешани во борбата за нивното здравје и протестира против одлуката на судот за ново испитување на загаденоста на почвата во градот.
Партијата ДОМ им дава силна поддршка на велешани во борбата за нивното здравје и протестира против одлуката на судот за ново испитување на загаденоста на почвата во градот. Ова беше истакнато на денешната пресконференција во Скопје, одржана од лидерот на партијата Лилјана Поповска.Според неа, со одлуката за ново испитување на загаденоста неоправдано се одолговлекува спорот што велешките екологисти го имаат со државата во случајот Топилница. „Запрепастени сме што велешани повторно се соочуваат со бавно и неефикасно судство, кое доставените стручни студии за квалитетот на почвата во Велес ги прогласува за недоволен аргумент и бара нови испитувања со неразумно високи цени, изјави Поповска.Таа потсети дека сето ова се случува во Деновите на планетата Земја, кога треба да мислиме и да делуваме во насока на заштита на животната средина, што ќе има влијание на квалитетот на животот и здравјето на граѓаните. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Гази Баба денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта промена на затварач (шибер) од Ф 80мм на ул.Јани Лукровски бр.1 (кај Б.П Мак Петрол), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јани Луковски, улицата 16-та Македонска Бригада, улицата Трифун Хаџијанев и улицата Лазар Поптрајков, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување.
Македонија
Сончево и топло, максималната температура до 27 степени

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Времето во наредните денови
И во сабота ќе се задржи стабилно и топло време со засилен јужен ветер (над 60 km/h). Во недела локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер и дневните температури ќе опаднат за 7 до 10 степени.
Македонија
Карпош, Аеродром и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 13.30 часот, корисниците од М.В. Село, Злакуќани, засегнати и корисниците кои се напојуваат од МРО-4 на фундамент пред ATLANTIK MARCELLA (општина Карпош)
-во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Врполе, дел од ул. Илија Димовски-Гоче, дел од ул. Мите Богоевски и дел од ул. Михаил Глинка (општина Аеродром)
-во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Шандор Петефи (општина Кисела Вода)
-во периодот од 11.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Ацо Шопов и Марк Твен (општина Карпош)