Македонија
СДСМ:Зошто обвинителството молчи за „Злетовица“
Опозиционата СДСМ денеска изрази сомневање дека обвинителството со тоа што молчи за случајот „Злетовица“, настојува овој случај да застари.
Опозиционата СДСМ денеска изрази сомневање дека обвинителството со тоа што молчи за случајот „Злетовица“, настојува овој случај да застари.„Мегаскандалот со ХС „Злетовица“ е типичен пример за тоа како партизираното судство, наместо да се бори против, е најголем заштитник на криминалот и корупцијата“, изјави потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев.Наведувајќи дека Антикорупциска комисија покрена иницијатива за кривично гонење на поранешниот министер за земјоделство, Георгиев рече дека обвинение се’ уште нема.„Обвинителството си молчи, си чека. Затворен, во нечија фиока, предметот за милионски криминал и корупција кај и да е се очекува да застари“, рече Георгиев.Според него, единствено од премиерот Никола Груевски зависело дали некој во државата е криминалец или не.„Секој актуелен функционер, директен учесник во оваа голема неправда, после 5 јуни ќе мора да се соочи со сопствената одговорност. Во Македонија, правдата мора подеднакво да важи за сите“, изјави Георгиев. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

