Македонија
МВР: Одржување на фер и демократски избори, обврска кон граѓаните

Одржувањето на фер и демократски избори е обврска и долг не кон политичките партии, туку пред се кон граѓаните на Република Македонија.
Одржувањето на фер и демократски избори е обврска и долг не кон политичките партии, туку пред се кон граѓаните на Република Македонија. Сите институции мора да го преземат својот дел од обврските кои произлегуваат од законот, а не да се водат од партиските агенди, се вели во реакцијата од Министерството за внатрешни работи (МВР) по повод прес конференцијата на претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко. Токму тука обврската на ДИК е најголема и нејзиниот претседател без разлика на политичките симпатии не смее да ја злоупотребува сопствената функција. МВР најургентно и најажурно постапува по сите барања кои ги има добиено од ДИК. Од МВР ценат дека е непримерно претседателот на ДИК не аргументирано да го напаѓа Министерството. МВР денеска преку писмо понуди соработка и побара одговори од Претседателот на ДИК на кои се уште нема одговор, стои во реакцијата од МВР. крај/мвр/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска, променливо облачно со повремен локален дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во среда ќе има преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во четврток кон крајот на денот и во петок.