Македонија
МВР ги детектира потенцијалните ризици на изборите
Министерството за внатрешни работи ги идентификува потенцијалните ризици на претстојните предвремени парламентарни избори и ги анализира инцидентите кои се случиле во изминатите изборни циклуси за да може да посветат посебно внимание на проблематичните точки или проблематични поединци.
Министерството за внатрешни работи ги идентификува потенцијалните ризици на претстојните предвремени парламентарни избори и ги анализира инцидентите кои се случиле во изминатите изборни циклуси за да може да посветат посебно внимание на проблематичните точки или проблематични поединци.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска вели дека веднаш по распишувањето на изборите формиран е штаб кој ќе биде посветен исклучиво на изборите.
Задача на овој штаб ќе биде формирање на регионалните штабови во сите сектори за внатрешни работи.
„Дел од задачите на луѓето кои се таму застапени е да направат идентификација на потенцијалните ризици односно анализа на сите инциденти во изминативе изборни циклуси за да можеме да посветиме посебно внимание условно речено на овие проблематични точки или да посветиме посебно внимание на одредени поединци кои се појавиле како проблематични, некои од нив се осудени лица, некои од нив се лица против кои сè уште се водат постапки. Меѓутоа важно за нас е да сме добро позиционирани и целосно присутни на теренот и ние ги ангажиравме сите капацитети на МВР во функција на одржување на фер демократски и слободни избори“ изјави Јанкулоска.
Таа додаде дека МВР им стои на располагање на сите институции на кои им е потребна помош и соработка со МВР.
Изминативе два дена беа демолирани вкупно осум штабови на политички партии, од кои пет на СДСМ меѓу кои во село Инџиково, Трубарево, Стајковци, Петровец, еден на ВМРО-ДПМНЕ и два на Обединети за Македонија. На сите им беа искршени прозорските стакла. Идентитетот на сторителите сè уште не е познат. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпорен ѕид се урна во Штип и оштети автомобили кај болницата
Потпорен ѕид на улицата Љубен Иванов во Штип, во близина на клиничката болница, утрово околу 9 часот се сруши и падна врз две паркирани возила, јавуваат локалните медиуми.
Во инцидентот нема повредени лица, а на местото на настанот веднаш излегле надлежните служби.
Според првичните информации, причина за уривањето на ѕидот се неповолните временски услови.
Македонија
Јаневска: Почнуваме нов циклус вложувања во 160 образовни инфраструктурни објекти
Почнуваме нов циклус на вложување во образовни инфраструктурни објекти, кои се еден од основните елементи за подигнување на квалитетот на образованието и за развој на психичкото и физичкото здравје на учениците. Лани вложивме 67 милиони за инфраструктурата. Годинава почнуваме нови 160 инвестиции, од кои 60 се спортски сали.
Ова го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска по поставувањето на камен-темелникот на новата спортска сала во ОУ „Григор Прличев“ во скопска Железара, каде присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
„Она што Владата, Министерството и општините го ветуваат, заеднички работејќи го исполнуваат. Почнуваме со изградба на нови 30 спортски сали и уште 30 се во процес на реновирање“, рече министерката Јаневска.
Вкупната инвестиција во спортската сала во ОУ „Григор Прличев“ изнесува 39 милиони денари, а денес почнува со реализација првата фаза во вкупен износ од 20 милиони денари. Салата ќе ги има сите пропратни содржини со што учениците и младите ќе добијат современи услови за спорт и рекреација.
Македонија
Нелоски: Фирмата на татко ми што ја спомнува СДСМ не учествува на тендери
Шефот на кабинетот на премиерот, Владимир Нелоски, ги отфрла тврдењата на СДСМ дека фирмата на неговиот татко учествува во државни тендери. Тој најави тужба против партијата.
„Ја гледам онаа тирада на нечесни и валкани прес конференции на СДС партијата која е петта во градот Скопје и трета во државата. Тие изобилуваат со невистини, креирани информации и полу информации. Тие треба да го свртат вниманието од комплетното растројство и дезорентираност во просторот на раководството на СДС и Венко Филипче и тој пусти страв од одговорност која знаат дека ја имаат. Мојот татко е дел од спомената приватна фирма, која не учествува на државни тендери, ниту има добиено тендери. И на никаков начин не може да носи одлуки за државните пари. Како и секој човек, па и мојот татко кој цел живот работи чесно во приватниот сектор има право да работи, а впрочем истиот со трговија започнал да се занимава уште пред осамостојувањето на Македонија“, напиша Нелоски.
Тој вели дека колегите од СДС треба да знаат дека со невистини, лаги и манипулации не се добива довербата така се губи и целосно паѓа сликата за партијата која денес е потопена со криминал и корупција, со лични интереси и фракции
„И бидејќи сум чесен и искрен, а сметам дека тоа треба да е клучен принцип во политиката нека не поставуваат прашања од СДС туку нека ги изнесат информациите во потврдна форма за да поднесам соодветна тужбена постапка за клевета пред надлежните органи“, вели Нелоски.

