Македонија
Супервизија на проценките за ризикот на работното место
Според новите измени во Законот за безбедност и здравје при работа, субјектите кои ќе извршат проценка на ризик на работното место, ќе бидат обврзани за проценката да го известат Државниот инспекторат за труд, по што инспектори на лице место ќе утврдуваат дали е реална проценката.
Според новите измени во Законот за безбедност и здравје при работа, субјектите кои ќе извршат проценка на ризик на работното место, ќе бидат обврзани за проценката да го известат Државниот инспекторат за труд, по што инспектори на лице место ќе утврдуваат дали е реална проценката.
За овие измени кои ќе следуваат откако Законот ќе помине на Собрание, информираше денеска министерот за труд и социјална политика Џелал Бајрами, кој присуствуваше на одбележувањето на Светскиот ден за заштита при работа.
“Ние за да се заштитиме, за да не биде тоа само некоја фиктивна проценка и давање на решенија, во новите измени во Законот за безбедност и здравје ќе предвидиме нов основ за секое вршење на проценка на ризик на работното место. Субјектот кој што ќе врши проценка да биде обврзан да го извести Државниот инспекторат и МТСП дека е извршена проценка на ризик во одредениот субјект.“, рече Бајрами.
Тој додаде дека ова ќе се прави од превентивни причини.
Бајрами соопшти и дека веќе е во тек вршењето на проценки и додаде дека сè уште не се знае рокот до кога сите фирми ќе мора да го сторат тоа.
„По изборите поинтензивно ќе се појавиме на терен“, рече Бајрами.
Од неодамна според Законот за безбедност и здравје при работа, задолжително е да се врши проценка на ризикот на секое работно место во секој субјект.
Проверките ќе ги вршат околу 21 лиценциран субјект. /крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МНР со реакција до Бугарија: Македонија останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности, Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации
Македонското Министерство за надворешни работи реагира на денешното соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија.
„Изразуваме жалење што оваа институција сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог. Воедно, јасно нагласуваме дека ниту имаме намера, ниту потреба да бидеме дел од внатрешнополитичките или изборните процеси во Република Бугарија – ниту преку коментари, интерпретации, ниту преку вклучување во дневнополитички наративи“, се истакнува во соопштението од МНР.
Од таму со повик до бугарските институции да се водат од, како што е наведено, принципите на добрососедство, взаемна почит, предвидливост и институционална комуникација – принципи кои воедно претставуваат темелни европски вредности и стандарди.
„Затоа што Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации.
Република Северна Македонија и понатаму останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности“.
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата
Поради протест на возачите на камиони блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата, соопштуваат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците, и на улиците и од институциите
Левица изразува целосна поддршка кон барањата на Сојузот на синдикатите на Македонија за покачување на платите, потенцираат од оваа партија.
Барањата на ССМ, оценуваат од таму, се легитимни, оправдани од секојдновното зголемување на трошоците за живот и насочени кон подобрување на животниот стандард и почитување на работничкиот труд.
„Поминаа речиси две години власт на ДПМНЕ и исто толкав период на игнорантски однос кон граѓаните кои едвај го поминуваат месецот со најниска минимална и просечна плата на Балканот, иако според тврдењата на Мицкоски сме „четвртата економија во светот и трета во Европа по раст на БДП”.
Ги повикуваме ДПМЕН, ЗНАМ и ВРЕДИ да се разбудат од илузијата. Мицкоски мора да избере дали ќе ја продолжи својата бизнис кариера и ќе му служи на крупниот капитал, прилепен во прегратките на Бранко Азески, или пак ќе почне да ја врши својата премиерска функција во служба на граѓаните. Мицкоски треба да разбере дека извршува државна функција која му налага да го штити послабиот од помоќниот, а не функција на статист во трипартитниот дијалог меѓу работниците, работодавачите и Владата“.
Левица потсетува дека минатата година поднесе Предлог – закон со кој, како што појаснуваат, требаше платите на сите работници да се зголемат за најмалку 100 ЕУР.
„Со тоа, минималната плата сега ќе изнесуваше 500 евра и ќе го избегневме дното во кое се наоѓаме моментално. Наместо тоа мнозинството на ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ одлучи експресно да го одби решението, удоволувајќи му на бизнис секторот.
Трошоците постојано растат, а работникот повеќе нема време за чекање. Затоа, Левица изразува недвосмислена поддршка на протестот на ССМ со јасно барање до Владата конечно да преземе конкретни мерки за подобрување на економскиот статус на работникот, што значи плата која овозможува достоинствен живот“.

