Македонија
Трајанов поднесе кривична против Стефановски
Јавното претпријатие Службен весник и директорот на јавното претпријатие Тони Трајанов поднесоа кривична пријава и кривична тужба против претседателот на Советот за радиодифузија, Зоран Стефановски
Јавното претпријатие Службен весник и директорот на јавното претпријатие Тони Трајанов поднесоа кривична пријава и кривична тужба против претседателот на Советот за радиодифузија, Зоран Стефановски за, како што велат, основани сомненија дека тој сторил „кривично дело“, „лажно пријавување на кривично дело“ и „клевета“„Јавното претпријатие Службен весник на Република Македонија деновиве е под силен притисок и неосновани напади од страна на Зоран Стефановски, претседател на Советот за радиодифузија. Стефановски се заканува преку изјави и прес конференции со поднесување кривични пријави против ЈП „Службен весник“ и против директорот и одговорен уредник на ЈП „Службен весник“, создавајќи непотребна вознемиреност во јавноста со што и го дисквалификува јавното претпријатие“, рече директорот на „Службен весник“, Тони Трајанов.Правилникот за однесување на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања и Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања, како што истакна тој, се објавени во законски утврдениот рок, односно ден пред неговиот истек.„Инаку, сакаме да ја информираме јавноста дека овие правилници се донесени од страна на Советот за радиодифузија, без да се почитува Изборниот законик, односно без претходно добиено мислење од Државната изборна комисија, или без нивно претходно изјаснување. Ваквата постапка е спротивна на членот 75 од Изборниот закон“, посочи Трајанов.Тој тврди дека Стефановски, без предходна одлука на Советот за радиодифузија поднел кривична пријава против ЈП „Службен весник“ и против него, без притоа, како што рече, да го почитува основното начело на презумција на невиност, јавно ги објави.„Сакаме да нагласиме дека ЈП „Службен весник“ е реномирана и високопрофесионална државна институција, која работи согласно со уставните надлежности и законските овластувања. ЈП „Службен весник“ ги отфрла сите обиди за негово разорување и со индигнација ги отфрла сите обиди за негова дисквалификација“, нагласи Трајанов.Тој додаде дека по законски пат ќе го бранат работењето на претпријатието и сомнежите дека работи под чиј и да е диктат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Го разбираме револтот и незадоволството: СДСМ го поддржува протестот и барањата на работниците
СДСМ го поддржува протестот на работниците и Сојузот на синдикатите во борбата за достоинствени плати и зголемување на минималната плата, соопштуваат од оваа партија.
„Го разбираме револтот и незадоволството кај работниците и целосно ги поддржуваме нивните барања, за зголемување на минималната плата на 600 евра и за зголемување на платите за 100 евра во останатите сектори.
Граѓаните, работниците живеат тешко, инфлацијата и покачените цени го јадат стандардот на работниците, сиромаштијата расте а платите стојат во место.
Владата на Мицкоски нема пари за зголемување на минималната плата, пари има само за тендери. 161 тендер за една фирма, 51 тендер преку општините за друга фирма, 9 милиони евра за тендери со двајца вработени, 1,2 милиони евра за тендери преку Пошта“.
За време на владеењето на СДСМ, додаваат од опозициската партија, парите завршуваа кај граѓаните, ја зголемивме минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари а просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари.
И како опозиција, напоменуваат, СДСМ стои зад работниците.
„СДСМ предлагаше Закон за покачување на минималната плата но власта го одби. Поднесовме законски решенија и амандмани во Собранието за покачување на платите во различни сектори, но власта и тоа го одби.
Обврска на владата е да обезбеди покачување на минималната плата наместо да увезува „економски работници“ а да извезува квалификувани кадри надвор од земјата“.
Македонија
МНР со реакција до Бугарија: Македонија останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности, Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации
Македонското Министерство за надворешни работи реагира на денешното соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија.
„Изразуваме жалење што оваа институција сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог. Воедно, јасно нагласуваме дека ниту имаме намера, ниту потреба да бидеме дел од внатрешнополитичките или изборните процеси во Република Бугарија – ниту преку коментари, интерпретации, ниту преку вклучување во дневнополитички наративи“, се истакнува во соопштението од МНР.
Од таму со повик до бугарските институции да се водат од, како што е наведено, принципите на добрососедство, взаемна почит, предвидливост и институционална комуникација – принципи кои воедно претставуваат темелни европски вредности и стандарди.
„Затоа што Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации.
Република Северна Македонија и понатаму останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности“.
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата
Поради протест на возачите на камиони блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата, соопштуваат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

