Македонија
Охрид во топ 10 летни дестинации за одмор според „Гардијан“

Охрид се најде на исто рамниште со кубанска Хавана, германски Хамбург и шпанска Ибица како најатрактивни туристички дестинации на листата „Топ 10 дестинации за летен одмор на студентите“ кој ја изработи британскиот дневен весник „Гардијан“, пренесува интернет весникот „Охридњуз“.
Охрид се најде на исто рамниште со кубанска Хавана, германски Хамбург и шпанска Ибица како најатрактивни туристички дестинации на листата „Топ 10 дестинации за летен одмор на студентите“ кој ја изработи британскиот дневен весник „Гардијан“, пренесува интернет весникот „Охридњуз“.Според Гардијан, не постои човек кој може да остане индиферентен и неимпресиониран од религиската толеранција и хармонијата која ја доловуваат црквите и џамиите распространети низ целиот град. За обожавателите на ноќниот живот, Гардијан предложи забава на брод, а за љубителите на природата весникот ја препорача планината Галичица од каде може да се ужива во неверојатната глетка на зајдисонцето.
За карактеристично македонско јадење го препорача македонскиот кебап, на чиј вкус ретко кој може да му одолее.
Вакво рангирање, Гардијан прави секоја година и за таа цел ги прашува студентите ширум светот, каде си поминале незаборавен летен одмор минатото лето. Освен Македонија, на листата „Топ 10“ дестинации за летен одмор на студентите“ се најдоа и Шкотска, Шпанија, Романија, Унгарија и Британија. крај/охридњуз
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест.
„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
Од таму најавија и прес-конференција исто така на раскрсницата кај Мавровка во 12.15 часот.
Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.