Македонија
Бесплатни канти за отпад за 60.000 семејства
Град Скопје започна со акцијата за реализација на проектот за доделување на 60.000 бесплатни канти за отпад.
Град Скопје започна со акцијата за реализација на проектот за доделување на 60.000 бесплатни канти за отпад.
Вредноста на инвестицијата е околу 880.000 евра, а парите се обезбедени како заем од Светска банка преку министерството за финансии.
„Се надеваме дека овие канти ќе бидат поделени во рок од два до три месеци, а правиот ефект ќе биде кога ќе дојдат малите камиони кои што се за собирање на отпадот и целосно ќе се заокружи проектот со што ќе се овозможи поголем степен на комунална хигиена“, рече Коце Трајаноски, градоначалник на град Скопје.
Министерот за финансии, Зоран Ставрески смета дека на овој начин ќе се подобрат услугите и стандардот на граѓаните.
„Проектот е добар бидејќи покрај канти вклучува и купување на камиони за собирање, исто така за да се подобри ефикасноста на јавното претпријатие и за да се создадат нови услови за подобрување на хигиената“, рече Ставрески.
Кантите за отпад ќе бидат распоредени низ населбите Припор, Пинтија, Кисела вода, селата Усје и Драчево и дел од Црниче и Пржино. крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Почна изградбата на мегапаркот во Бутел
Мега парк со богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес зони, со содржини наменети за сите возрасти, кој ќе се простира на површина од 8000 метри квадратни, вака го најави новиот проект градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Изградбата на паркот, кој е прв проект ветен во програмата на Ѓорѓиевски, почна денеска.

„Денес, заедно со градоначалникот на Бутел Дарко Костовски, го означивме стартот на изградбата на мега паркот, со кој всушност започнува реализацијата на првите проекти ветени во мојата програма. Запуштениот простор долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ ќе прерасне во модерен и функционален зелен простор – мега парк со богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес зони, со содржини наменети за сите возрасти, кој ќе се простира на површина од 8000м2“, рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека ова е еден од четирите мега паркови ветени во неговата програма.
Дополнително, рече градоначалникот, предвидуваме изградба на околу 50 мали паркови во сите општини, со што секој дел од Скопје ќе добие свој зелен агол.
Македонија
МВР в петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров
МВР во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров.
„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 14.11.2025 (петок) во 07:00 часот во кругот на Полицискиот центар во Ѓорче Петров во Скопје ќе бидат уништени гранати, за кои според стручна анализа е утврдено дека не може да се транспортираат надвор од полицискиот центар“, извести МВР.
Гранатите ќе бидат уништени според предвидените безбедносни стандарди.
Македонија
„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба
На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски на трибината „Автопат Е-75: Инфраструктурата како основа за развој на транзитниот туризам“.
Тој нагласи дека државата треба да размислува стратешки како да привлече инвеститори во изградба на хотели, особено во заштитените подрачја, каде што, според него, бирократските процедури речиси го оневозможуваат развојот на туризмот.
„Во моментов сме во една ситуција кога е комплицирано да се гради. Урбанистичките планови се носат предолго, посебно во заштитените подрачја. Практично невозможно е да се гради во заштитените подрачја. Не можеме да зборуваме за туризам, а во главниот труистички центар да нема хотели со пет звезди или има ограничување во висините. И затоа сакам да ја отворам оваа тема, да размислува јавноста. Во ред е да има заштита, но ако сакаме да се развиваме во туризмот во делот на изградба на хотели, а не во згради, треба да ја ослениме процедурата за изградба на хотели и да привлечеме инвеститори. Ова исто така се однесува и за долж коридор 10”, истакна вицепремиерот.
Николоски потсети дека Македонија е меѓу ретките држави со двоцифрен раст на туристи, а за само една година се воведени 21 нови директни авиолинии од европски метрополи.
„Минатата година преку Македонија транзитираа повеќе од 10 милиони патници. Ова покажува дека Владата е посветена на развојот на туризмот,“ истакна вицепремиерот.
Тој го нагласи значењето на Коридор 10 како европски транспортен правец низ кој минуваат транзит туристи, но и потенцијалот тие да се задржуваат подолго во земјата.
Меѓу проектите кои треба да придонесат за тоа, Николоски ги спомена брзата пруга, винскиот туризам, археолошките локалитети и урбанистичкото решение за Стоби.
„Од центар на Скопје до центар на Солун ќе патуваме со воз за час и дваесет минути. Со тоа ќе се зголеми искористеноста на железницата и туристичкиот потенцијал на Коридор 10,“ рече Николоски, додавајќи дека Владата ја финансира изработката на урбанистичкиот план за археолошкиот локалитет Стоби.
Тој додаде дека винската индустрија и малите винарии во Тиквешијата стануваат се попосетени, и дека Владата ги поддржува земјоделците како дел од стратегијата за развој на винскиот туризам.
Вицепремиерот повтори дека туристичкиот потенцијал на Македонија не е искористен ниту 10 отсто, но дека државата има шанса да стане центар на транзитниот и културниот туризам во регионот.
На трибината, организирана од Министерството за култура и туризам, свое видување дадоа и министерот Зоран Љутков и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски.

