Македонија
СДСМ ако дојде на власт ќе ги ревидира измените на Законот за високо образование
Со ревидирање на последните, како што велат контроверзни измени, на Законот за високо образование, СДСМ тврдат дека ако дојдат на власт ќе го вратат достоинството во високото образование.
Со ревидирање на последните, како што велат контроверзни измени, на Законот за високо образование, СДСМ тврдат дека ако дојдат на власт ќе го вратат достоинството во високото образование.„Веднаш ќе ги конституираме Советот за финансирање и развој на високото образование и Одборот за акредитација и евалуација во чии состави мнозинство ќе имаат претставници на академската јавност. На таков начин ќе оневозможиме мешање на државата во академските права и слободи“, рече на денешната прес конференција Зоран Поповски.Заради како што истакна Поповски прекинување на импровизациите ќе се преиспита дисперзијата во високото образование и таму каде што не се исполнети условите, истата ќе биде прекината, а за затекнатите студенти ќе бидат понудени решенија за продолжување на студиите во матичните универзитетски центри. „Во првите Сто дена Влада ќе подготвиме измени на Законот за високо образование со кои ќе дозволиме плурализам во студентското организирање со што ќе оневозможиме партиски послушници и понатаму да ги узурпираат правата и слободите на студентите“, рече Поповски.Тој додаде и дека ќе биде обезбедена сериозна финансиска поддршка за организација и учество на меѓународни научни собири, за издавање на и публикување во списанија со impact фактор, за неограничен пристап до базите на научните списанија и за реализација на научно истражувачки проекти во кои ќе бидат вклучени сите членови на академската заедница. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.