Македонија
Уредниците повторно не се појавија на дебатата на ЗНМ
Неуспешен беше и вториот обид на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) да ги собере уредниците на медиумите за заедно да дебатираат за медиумското покривање на претстојните избори.
Неуспешен беше и вториот обид на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) да ги собере уредниците на медиумите за заедно да дебатираат за медиумското покривање на претстојните избори.
Иако уредно поканети, ниту еден од уредниците не се појави на денешната дебата.
Од Управниот одбор на ЗНМ го осудија недоаѓањето на уредниците, но посочија дека тоа нема да ги обесхрабри за натамошен обид да ги седнат на иста маса и да реализираат дебата.
„Ако медиумите се огледало на демократијата, тогаш требаше овде очи во очи да си погледнеме и да си кажеме која ќе биде нашата улога и нашата одговорност за спроведување на фер и демократски избори. Ова е втор обид на ЗНМ да се обиде да ги анимира главните уредници во Македонија, да дојдат да дебатираме, да си ги кажеме проблемите, кој ни врши притисок, бидејќи се очекува една жестока кампања. Она што загрижува е дека таа е на грбот на медиумите. Ниту еден уредник не се појави, а од друга страна ги испратија новинарите да известуваат од истата“, рече Маја Јовановска од Управниот одбор на здружението.
Жарко Јордановски од Советот на честа на ЗНМ и доскорешен заменик – главен уредник на неделникот „Фокус“ истакна дека дебатата на која би присуствувале уредниците е од голема важност во овој период пред изборите. Според него во Македонија не постојат главни уредници во вистинска смисла на зборот.
„Автономијата на главните уредници во Македонија е сериозно разнишана. Оваа дебата беше многу повеќе од неопходна, меѓутоа отсуството покажува дека дијалогот на ниво на уредниците е умрен“, истакна Јордановски.
Тој смета дека уредниците не се појавиле на дебатата затоа што, како што рече, им е срам да се погледнат очи в очи по се’ што си имаат кажано меѓу себе.
Обидите на ЗНМ продолжуваат. Од Управниот одбор велат дека и натаму ќе се обидуваат да ги соберат уредниците, а ако повторно обидите им се неуспешни најавија дека ќе се обидат да организираат дебата со уредници од странските медиуми, со цел да им дадат пример на македонските./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

