Контакт

Македонија

Јавно ќе се именуваат институциите и партиите кои прават хаос во медиумите

Објавено пред

Здружението на новинарите на Македонија, Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници и Македонскиот институт за медиуми се заканија дека јавно ќе ги именуваат институциите, партиските или бизнис круговите кои создаваат хаос во медиумскиот простор и го убиваат новинарството

dobivaj vesti na viber

„Партиите да престанат да се мешаат во работата на медиумите и да ги остават слободно  да работат. Сопствениците на медиумите да не ги претвораат во мегафони на партиските и бизнис центри на моќ. Уредниците да застанат во одбрана на професијата и на новинарите и да се придржуваат кон професионалните стандарди и етиката. Во спротивно, јавно ќе ги именуваме тие кои ја убиваат смислата на новинарството“, порачуваат тие во заедничката изјава, по повод Светскиот ден на медиумите.Тамара Чаусидис, претседател на ССНМ рече дека македонското новинарство никогаш не го дочекало денот на медиумите во полоша состојба. „Медиумите како да ја губат и онаа претходно освоена слобода. Клучната основа во која се крши слободата на медиумите се токму работничките права. Мнозинството медиумски работници живеат во сиромаштија во услови на корупција и страв“, рече таа и додаде дека во одредени медиуми новинарите со месеци не примиле плата.Насер Селмани, Претседател на ЗНМ рече дека уредниците на медиумите се наоѓаат под силен притисок од политиката и сопствениците.„Ние ако дозволиме овој притисок да продолжи и ако еднаш не кажеме не и не се обединиме заедно да ја повлечеме таа црвена линија за тоа до каде може да оди овој притисок, ова ќе ни се случува постојано. Затоа е неопходно да се обединиме како еснаф и да ги поставиме работите на здрави нозе“, рече тој.Билјана Петковска, директорка на МИМ, истакна дека државното рекламирање сериозно ја поткопува независноста медиумите.„Постои нефер позиција на пазарот во која регулативата и правилата многу селективно се применуваат. Станува збор за пристапот до средства кое влијае врз финансиската кондиција на медиумите, аспектот на државното рекламирање кое се спроведува по прилично нетранспарентни услови и кое сериозно ја поткопува независноста на медиумите и отвора простор за таканаречена озаконета корупција во медиумите“, рече таа и додаде дека на пазар од два милиони луѓе, постојат над 150 електронски медиуми, од кои засега ниеден не прогласил стечај.Денешниот втор обид на Здружението на новинари на Македонија да ги собере уредниците на медиумите за заедно да дебатираат за медиумското покривање на претстојните избори, беше повторно неуспешен. Иако уредно поканети, ниту еден од уредниците не се појави на закажаната дебата.Македонија е на 99-то место во светот според слободата на печатот, сместена меѓу делумно слободните земји, покажува денешниот извештај на Freedom House, објавен по повод светскиот ден на слободата на медиумите. На листата Македонија е во друштвото со Босна и Херцеговина, Коморските острови и Лесото, распоредени на 96-то, 97-мо и 98-мо место, како и Танзанија, Хаити и Албанија распоредени од 100-то до 102-ро место.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, сообраќајот во прекин

Објавено пред

Од 20:30 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 Кочани – Штип (с.Долни Подлог – с.Тркање) е во прекин, поради сообраќајна незгода.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот се пренасочува преку с.Тркање кон екпресен пат Кочани – Штип, соопшти АМСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ѓорѓиевски: Доста беше мрак, време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави

Објавено пред

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со покана до скопјани и гостите на главниот град за како што вели, незаборавен дочек на Новата 2026 година на плоштадот „Македонија“.

dobivaj vesti na viber

По подолг период, Скопје повторно ќе пулсира во знакот на радоста и врвната музичка забава, со богата програма што ги обединува сите генерации и ја враќа празничната магија во срцето на градот, истакнуваат од Град Скопје.

„Скопје, дали сме подготвени за најдобрата забава?

Со голема чест и искрена радост, ве поканувам на плоштадот „Македонија“ на незаборавен дочек на Новата 2026 година, ноќ која повторно ќе го сплоти градот.

Програмата започнува во 19:45 часот со моќниот вокал на Миле Кузмановски, а продолжува со Огнен Здравковски.
Следуваат Дина Јашари, легендарните Куку Леле и неповторливата Тамара Тодевска.

Кулминацијата ја носат милениците на младата публика Пајак, Лара и Два Бона, додека магичниот момент на пречекот на Новата година ќе го одбележи настапот на Каролина Гочева.

Почитувани скопјани, доста беше мрак.

Време е за заедништво и за радост.

Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, знае да обединува и знае да биде лидер во културните настани.

Со домашни изведувачи, љубени од публиката, создадовме програма што ги поврзува сите генерации.

Ова е наш подарок за градот убав – за повторно да живее, да пулсира и да сонува.

Ве поканувам сите, драги скопјани, да ни се придружите и заедно да ја пречекаме 2026 година со насмевки, музика и незаборавни мигови.

Сите сте добредојдени да бидете дел од оваа новогодишна приказна, исполнета со позитивна енергија и врвна забава.

Се гледаме“, напиша на социјалните мрежи скопскиот градоначалник.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во прекин сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица), поради сообраќајна несреќа во прекин и сообраќајот кон ГП Ќафасан

Објавено пред

Поради протест на грчките земјоделците, од 17:10 часот сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) е во прекин.

dobivaj vesti na viber

Поради сообраќајна незгода сообраќајот кон ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, соопшти АМСМ.

На 30.12.2025 (вторник), од 15:00 часот, ќе има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат Р1101, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија9 часа

ЕБОР одобри над 20 милиони евра кредит за модернизација на железничкиот товарен возен парк во Македонија

ЕБОР одобри 20,9 милиони евра кредит на Северна Македонија за набавка на нови електрични локомотиви и современ систем за планирање...

Македонија13 часа

ДПИ со засилени контроли: издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2,8 милиони денари

Државниот пазарен инспекторат во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територија на цела држава...

Топ14 часа

Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника

Осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда. Настанот бил пријавен...

Македонија14 часа

Електродистрибуција со засилено отчитување за празниците

Во насока на обезбедување на поголемо отчитување во најоптоварениот период од годината и задоволување на потребите на корисниците, Електродистрибуција ќе...

Македонија15 часа

Вонредни контроли во рестораните, месарниците и рибарниците: уништени 624 килограми небезбедна храна

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на...

Македонија16 часа

(Фото) Се преврте цистерна на патот Струга – Ќафасан, сообраќајот во прекин

Министерството за внатрешни работи информира дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин...

Свет16 часа

Украина: Нема докази за напад врз резиденцијата на Путин, тоа не се случило

Украина соопшти дека не постојат докази за тврдењата на Русија дека украински беспилотни летала нападнале една од официјалните резиденции на...

Економија17 часа

Зголемени цените во индустријата во ноември

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември 2025 година се зголемени за 0,3 отсто во...

Македонија17 часа

Декемвриската пензија ќе се исплати навремено, на 2 јануари 2026 година, известува Фондот на ПИОМ

Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за...

Македонија18 часа

„Дали на Бихаќка Нова година ќе си честитаат по дубајско време“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„Откако лидерот на СДС, Зоран Заев одамна се смести во Дубаи, а Венко Филипче побрза да избега кај него за...

Македонија18 часа

(Видео) Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, остро реагираше на начинот на кој се носи новиот...

Регион18 часа

До кога Бугарите ќе можат да плаќаат и во лева и во евра по 1 јануари 2026 година

За разлика од неограничената размена на лева за евра, плаќањата во обете валути, познати како период на двојна циркулација, се...

Топ20 часа

Уапсен возачот кој во скопски Чаир со автомобил удри во дете и избега

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 65-годишниот С.И. поради сторено кривично дело по член 300 од...

Европа20 часа

Медведев: Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот

По нападот со беспилотни летала врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, Володимир Зеленски ќе мора да...

Македонија22 часа

Земјотрес почувствуван во Охрид и блиската околина

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет1 ден

Украина: Русите измислија напад врз резиденцијата на Путин, имаат две причини за тоа

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека руските тврдења за наводниот „обид за напад врз резиденцијата на Путин“...

Македонија1 ден

Доживотен затвор за братоубиецот во Кавадарци: го убил бидејќи верувал дека сака да го преземе целиот имот

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основниот суд во Кавадарци изрече пресуда врз основа на признание на вина...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување, а „џини индексот“е првпат под 30% во последните 30 години

Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи...

Македонија2 дена

Алиу: Клиниката за гинекологија e симбол за нов живот, извршено реновирање и унапредување на условите за мајките и новороденчињата

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ја посетија Универзитетската клиника за гинекологија и...

Економија2 дена

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...