Македонија
Институт „Павел Шатев“: Изборите – пресметка со транзицијата
Престојните избори ќе бидат пресметка со вечната транзиција и можност за расчистување со проблеми кои влечат корени од стариот систем.
Престојните избори ќе бидат пресметка со вечната транзиција и можност за расчистување со проблеми кои влечат корени од стариот систем.Ова го заклучија дискутантите на трибината во организација на Институтот „Павел Шатев“ – “Македонија на крстопат – помеѓу напредокот и вечната транзиција”. Слободан Чашуле, поранешен министер за надворешни работи и новинар, смета дека престојните избори ќе бидат пресметка со транзицијата.
„Македонското општество е созреано и ако сега им веруваме на истражувањата на јавното мислење ќе видите дека македонските граѓани директно и длабоко ги страдаат проблемите на украдениот општествен имот кој беше заеднички, украден заради тоа што моделот беше кражба. Овие избори ќе бидат пресуда на ова време што треба да си замине“, рече тој.
Звонимир Јанкуловски, универзитетски професор, смета дека народот може да избере помеѓу еден систем кој што своите корени ги влече од минатото и еден реформски систем кој ја носи Македонија напред.
„Се монополизира слободата на мислата и слободата на говорот од поединци и одредени структури кои сметаат дека тие се единствените кои го имаат правото да говорат слободно и да размислуваат слободно, одречувајќи ја таа можност за останатите“, рече Јанкуловски.
За професорот Владо Поповски сегашните проблеми влечат корени од минатото и не биле почитувани ниту основните законски норми./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

