Македонија
Пријавување на изгубени документи и по електронски пат

Од денеска македонските граѓани изгубените документи ќе може да ги објавуваат по електронски пат на интернет страната на Службен весник. www.slvesnik.com.mk
Од денеска македонските граѓани изгубените документи ќе може да ги објавуваат по електронски пат на интернет страната на Службен весник. www.slvesnik.com.mk Ваквата услуга на сајтот на Службен весник ќе се наплаќа преку платежни картички, кои имаат поддршка во земјата. „Во службеното гласило Службен весник на РМ огласот за неважечка лична карта, пасош, возачка или сообраќајна дозвола може да биде аплициран и од дома. Нема потреба да се троши време, енергија или пари повеќе од она што е минимално неизбежно. Од сега па натаму максимално го скратуваме времето на сите граѓани“, рече директорот на Службен весник, Тони Трајанов. Сите оние кои немаат можност по електронски пат да го надминат проблемот со објавата на неважечкиот документ, Трајанов информираше дека тоа ќе можат да го сторат во било која подрачна единица на МВР, каде што на шалтерите ќе можат да подигнат веќе подготвени уплатници, соодветни на документот што треба да го објават и да ја уплатат цената во било која банка. Во рамки на проектот „Интеграција со надворешните системи“, покрај електронското објавување на неважечките документи, граѓаните ќе можат и електронски да се претплатат на печатеното издание на весникот, на регистерот на важечки прописи, на базата на прописи, како и на електронското издание Службен весник. Исто така преку сајот на Службен весник ќе може да купуваат збирки прописи и други изданија. Само во минатата 2010. година во службеното гласило Службен весник на РМ биле објавени 30.364 огласи по основ за објава за неважечки документи. Како што велат од јавното гласило, овој проект овозможува електронска трговија со сите продукти и сервиси што ги нуди ЈП Службен весник, како и електронска наплата со користење на сите платежни картички. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Гази Баба денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта промена на затварач (шибер) од Ф 80мм на ул.Јани Лукровски бр.1 (кај Б.П Мак Петрол), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јани Луковски, улицата 16-та Македонска Бригада, улицата Трифун Хаџијанев и улицата Лазар Поптрајков, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување.
Македонија
Сончево и топло, максималната температура до 27 степени

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Времето во наредните денови
И во сабота ќе се задржи стабилно и топло време со засилен јужен ветер (над 60 km/h). Во недела локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер и дневните температури ќе опаднат за 7 до 10 степени.
Македонија
Карпош, Аеродром и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 13.30 часот, корисниците од М.В. Село, Злакуќани, засегнати и корисниците кои се напојуваат од МРО-4 на фундамент пред ATLANTIK MARCELLA (општина Карпош)
-во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Врполе, дел од ул. Илија Димовски-Гоче, дел од ул. Мите Богоевски и дел од ул. Михаил Глинка (општина Аеродром)
-во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Шандор Петефи (општина Кисела Вода)
-во периодот од 11.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Ацо Шопов и Марк Твен (општина Карпош)