Македонија
Неофицијално познати носителите на листи од ВМРО-ДПМНЕ
Неофицијално дознаваме дека носители на изборните листи од ВМРО-ДПМНЕ се: Изборна единица 1-Никола Груевски, ИЕ2- Гордана Јанкуловска, ИЕ3- Влатко Ѓорчев, ИЕ4-Зоран Ставрески, ИЕ5- Антонио Милошоски и ИЕ6-Никола Тодоров.
Неофицијално дознаваме дека носители на изборните листи од ВМРО-ДПМНЕ се: Изборна единица 1-Никола Груевски, ИЕ2- Гордана Јанкуловска, ИЕ3- Влатко Ѓорчев, ИЕ4-Зоран Ставрески, ИЕ5- Антонио Милошоски и ИЕ6-Никола Тодоров.Пред час и половина истече рокот за доставување на кандидатските листи до Државната изборна комисија (ДИК), а ВМРО-ДПМНЕ според нашите информации ги доставиле листите скоро пред истекуваење на предвидениот рок.Во политичките кулуари наголемо се шпекулираше за носителите на изборни листи, но големо изненадување е во шестата изборна единица каде како носител се појавува актуелниот министер за образование Никола Тодоров.За oваа изборна единица беа споменувани имињата на Трајко Вељаноски и Миле Јанакиески.
Во текот на денот ДИК треба официјално да ги објави листите со сите кандидати за пратеници за новиот парламентарен состав./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Ведро и студено утро, преку денот сончево со умерен ветер
Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.
Денеска времето во Скопје, ќе биде сончево и студено со умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Времето во наредните денови
Во петок времето ќе биде променливо облачно и студено со минимални температури насекаде под нулата. Во западните делови ќе има повремени врнежи претежно од снег. Потоа продолжува периодот на променливо облачно и потопло време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе бидат во пораст.

