Македонија
Истече рокот за поднесување на кандидатските листи
Ноќеска на полноќ истече рокот во кој политичките партии и независните кандидати до Државната изборна комисија (ДИК) требаше да ги поднесат кандидатските листи за пратеници за предвремените парламентарни избори .
Ноќеска на полноќ истече рокот во кој политичките партии и независните кандидати до Државната изборна комисија (ДИК) требаше да ги поднесат кандидатските листи за пратеници за предвремените парламентарни избори .
Во текот на денешниот ден се очекува ДИК да соопшти официјални информации за поднесените кандидатски листи.
Комисијата на 13 мај ќе организира жребување за утврдување на единствената листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието.Прва партија која до ДИК ги достави кандидатските листи беше Демократската унија за интеграција (ДУИ).
До истекот на рокот за увид ви Избирачкиот список, 16.727 граѓани провериле дали се наоѓаат во списоците.
Од ДИК најавија дека во следните 10 дена треба да бидат извршени корекции врз основа на поднесените барања на граѓаните, по што на 14 мај Избирачкиот список ќе биде заклучен.
Бројката на македонски граѓани кои се пријавиле да гласаат во странство изнесува 4 771 лице./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Ведро и студено утро, преку денот сончево со умерен ветер
Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.
Денеска времето во Скопје, ќе биде сончево и студено со умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Времето во наредните денови
Во петок времето ќе биде променливо облачно и студено со минимални температури насекаде под нулата. Во западните делови ќе има повремени врнежи претежно од снег. Потоа продолжува периодот на променливо облачно и потопло време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе бидат во пораст.

