Македонија
Без застои и забрани во сообраќајот

Сообраќајот на патните правци низ државата се сите одвива без забрани, по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
На регионалниот пат Р- 1108 Гевгелија – Смрдлива Вода- ски центар Кожуф 2+350 км поради стеснување на коритото на Коњска река за изградба на ХЕЦ и надојдени големи количества на вода однесена е една колвозна лента од патот во дожина од 15 – 20 метри.
Екипите на ЈП Македонијапат со градежна механизација ги расчистуваат наносите и е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци, поради деформации на мостот (за возила со вкупна маса над 5 тона) сообраќајот се пренасочува преку мост на река Вардар, врска А1 со Р-2137 (Демир Капија – Корешница – Војшанци).
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. крај/амсм
Извор: amsm
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Средба Муцунски-Магјар, во фокус на разговорите одличната трговска соработка меѓу Македонија и Унгарија

Утрово, во рамки на работната посета на Будимпешта, министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, оствари средба со г. Левенте Магјар, државен секретар за парламентарни работи и заменик-министер во Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија.
Во фокусот на разговорите беа тридецениското пријателство и напредокот на севкупните билатерални односи меѓу двете земји, одличната трговска соработка, како и перспективите и предизвиците на процесот на европска интеграција.
Министерот Муцунски и државниот секретар Магјар разговараа за унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на надворешната трговија и економските можности, при што беше истакната посветеноста за продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес.
Македонија
Средба на пратеникот Коњановски со амбасадорот на Казахстан, изразено задоволство од билатералните односи меѓу двете земји

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со парламентите на: Република Казахстан, Киргистанска Република, Република Таџикистан, Република Узбекистан и Туркменистан, Никола Коњановски, оствари денеска средба со амбасадорот на Казахстан во земјава Садбалди Бурашов.
Во оваа прилика, амбасадорот Бурашов врачи покана за посета на пратеници од Собранието на Република Северна Македонија на Парламентот во Астана во текот на оваа година, кога се одбележуваат три децении од воспоставувањето дипломатски односи на нашата земја со Казахстан. Поканата е потпишана од претседателот на Групата за соработка со Собранието на РСМ во Парламентот на Казахстан.
Коњановски изрази задоволство од билатералните односи меѓу двете земји, посочувајќи дека постои взаемна волја за продлабочување на соработката, посебно во економијата, културата, туризмот и во други сфери од заеднички интерес.
Соговорниците ја потврдија потребата од интензивирање на бизнис-соработката и разменија мислења околу мерките што би можеле да се преземат во таа насока, вклучително со организирање бизнис-форум во земјава за стопанственици од Казахстан.
Скопје
Подигнати 80 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Карпош, Ѓорче Петров, Центар и Чаир.
Во општината Карпош е интервенирано на улиците Московска и Прашка, каде што се подигнати вкупно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад.
Во општината Ѓорче Петров се подигнати 20 кубни метри кабаст отпад, одложен на тревна површина долж главната улица.
Во општината Центар се расчистени приближно 15 кубни метри непрописно одложен мешан комунален отпад од улицата „Тодор Александров“, на потегот што води кон Средно Водно.
ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше активности и во скопската општина Чаир, каде што се подигнати вкупно 20 кубни метри отпад одложен на јавни и сообраќајни површини на улицата Цветан Димов, во непосредна близина на градинката Фидани и т.ц. Чаирчанка.