Македонија
„Павел Шатев“: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 58 пратеници, а на СДСМ- 30
Во идниот пратенички состав коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ би освоила 58 пратенички места, коалицијата од СДСМ 30, ДУИ 15, ДПА 7, НД 3, НДП 4 и другите помали партии 3 пратеници.
Ова го покажуваат резултатите од симулацијата на пратенички места според Донтовиот изборен модел за секоја изборна единица посебно, направена од Институтот Павел Шатев.
Станува збор за телефонска анкета што ја спровеле во периодот меѓу 6 и 7 мај на репрезентативен примерок од 6.000 испитаници на целата територија на држвата со цел да се измери рејтингот на политичките партии, на која граѓаните одговарале на прашањето за чија кандидатска листа би гласале на вонредните парламентарни избори.
Според Институтот, коалицијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ со своите носители на избирачки листи и кандидати за пратеници во изборните единици, ќе има доминантно мнозинство во идниот парламент со вкупно 58 пратенички мандати и ќе може да формираат стабилна Влада чиј мандатор, повторно ќе биде актуелниот премиер Никола Груевски.
Партиите за кои традиционално гласаат етничките Албанци би добиле вкупно 29 места во новиот парламент, додека помалите партии би добиле три пратенички места.
Со оглед дека на овие парламентарни избори прв пат гласа и македонската дијаспора, која како што наведуват од „Павел шатев“ традиционално е наклонета кон десницата, се очекува и два или три мандати од изборните единици 7,8, и 9 да и припаднат на ВМРО-ДПМНЕ, и со тоа оваа партија повторно да има 60 пратеници во идниот парламентарен состав.
Истражувањето како што се посочува од Институтот „Павел Шатев“, е спроведено пропорционално во сите шест изборни единици со 1.000 испитаници за секоја, со вклучување и на другите стандардни демографски карактеристики на населението како пол, возраст, образование и етничка припадност./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.
Македонија
Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане, бараат од СДСМ
„Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација. Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада“, велат од СДСМ.
„Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем.
Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството.
Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери.
Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане“, соопшти СДСМ.

