Македонија
Во Хрватска се урна цепелин

Од Република Австрија во хрватскиот воздушен простор во саботата влегол цепелин кој потоа исчезнал над територијата на Босна и Херцеговина.
Од Република Австрија во хрватскиот воздушен простор во саботата влегол цепелин кој потоа исчезнал над територијата на Босна и Херцеговина.
Државната управа за заштита и спасување известува дека празниот цепелин кога влегол од Австрија неконтролирано летал и паднал некаде околу Бања Лука.
Според податоците на властите цепелинот бил долг 40 метри и неконтролирано летал на 14 000 метри со брзина од 37 километри.
Оние кои го виделе забележале дека се движи намалувајки ја висината и зголемувајки ја брзината по што паднал. крај.хина.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Агелер изрази сочувство за настраданите во Кочани

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, изрази сочувство на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а на премиерот Мицкоски му понуди помош.
„Срцето ми се кине за многуте жртви во синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани. Нашето најдлабоко сочувство за жртвите и нивните најблиски во ова страшно време, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Загубата на толку многу млади животи во една заедница е страшна трагедија. На премиерот Христијан Мицкоски му понудив помош и сите ресурси на Амбасадата на САД, како и нашите молитви за сите оние кои страдаат денес,“ напиша Агелер.
Македонија
Мицкоски: Владата е целосно мобилизирана, ги повикувам сите надлежни институции да преземат итни мерки за помош на повредените

Премиерот Мицкоски се огласи на социјалните мрежи по големата трагедија во Кочани.
„Со длабока тага ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија! Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна.
Во овие моменти на длабока тага, нашите мисли се со оние што ги загубија своите сакани. На повредените им посакувам брзо закрепнување, а на семејствата на загинатите – сила да ја издржат оваа незамислива загуба. Народот и Владата ќе направат сè што е во нивна можност барем малку да ја ублажат нивната болка и да им помогнат во овие најтешки мигови.
Ги повикувам сите надлежни институции – здравствените служби, полицијата, локалните власти – да преземат итни мерки за помош на повредените и поддршка на погодените семејства. Владата е целосно мобилизирана и ќе направи сè што е потребно за справување со последиците и утврдување на причините за оваа трагедија.
Во текот на денот, по согледување на околностите од надлежните институции ќе и’ се обратам на јавноста со повеќе информации за преземените чекори.
Во овие времиња на длабока тага, кога нашите срца се скршени од болка поради оваа ужасна трагедија, повикувам на заедништво, сплотеност, хуманост и одговорност.
Бог да биде со семејствата на жртвите и повредените и со народот на Македонија!“, напиша премиерот на ФБ.
Македонија
Тошковски: Најмалку 51 лице загина во пожарот во кочанската дискотека, има приведени

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти детали за страшната трагедија во Кочани.
Тошковски кажа дека бројката на загинати изнеснува најмалку 51 лице. Над 100 се повредени.
Тој вели дека според првите информации, пожарот настанал од искри од пиротехнички средства кои потоа го зафатиле таванот кој бил од лесно запалива материја.
Министерот вели дека се приведени лица.