Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ подметнаа на листите кандидати од нелегални партии
СДСМ во желбата само за да докаже дека има некаков опозициски фронт се обиде да ја изманипулира Државната изборна комисија, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.
СДСМ во желбата само за да докаже дека има некаков опозициски фронт се обиде да ја изманипулира Државната изборна комисија, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.
Тој рече дека СДСМ излажале дека ВМРО-ДПМНЕ не доставила комплетни листи за пратеници до ДИК, но како што рече комисијата оцени дека се потполни и целосни, без ниту една забелешка.
„Но, колегите од СДСМ отворија нова тема. ДИК, за листите кои ги поднесе Социјалдемократскиот сојуз, утврдила дека се непотполни, односно дека две политички партии кои ја сочинуваат нивната коалиција, Граѓанско либералната партија и Санџаклиската лига, воопшто немаат доставено потврда дека се регистрирани и немаат доказ дека имаат правен субјективитет“, образложи Бичиклиски.
Ваквиот проблем Бичиклиски го оквалификува како шверцерско подметнување на листи.
„Мислевте дека со тоа што ќе ја обвините ВМРО-ДПМНЕ и ќе кажете еден куп невистини, манипулации и лаги, ќе го затскриете вашиот срам што во коалицијата имате партии кои не се регистрирани и правно никаде не постоjат“, рече Билчиклиски и додаде дека и во наредниот период очекуваат лаги, клевети и конструкции произведувани од СДСМ./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

