Македонија
СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ го прекрши Изборниот закон
СДСМ реагираа на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ дека подметнале кандидати на листите и велат дека ВМРО-ДПМНЕ листите до ДИК ги доставиле на пет минути пред истекот на рокот.
СДСМ реагираа на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ дека подметнале кандидати на листите и велат дека ВМРО-ДПМНЕ листите до ДИК ги доставиле на пет минути пред истекот на рокот.
„Од брзање на листите имаше празни места, без име и презиме и потребните податоци. ВМРО – ДПМНЕ со денешната прес-конференција уште еднаш го прекрши Изборниот закон. Додека трае законски предвидениот рок од 48 часа за отстранување на сите евентуални недостатоци во кандидатските листи, се врши брутален притисок врз ДИК“, се наведува во реакцијата./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од општините Гази Баба и Сарај денеска без струја
Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат делови од општините Гази Баба и Сарај.
– Во период од 08:30 – 09:300 часот, струја ќе немаат корисниците на улица Лазар Поптрајков зграда бр. 25 во општина Гази Баба.
– Во период од 08:30 – 13:30 часот, корисниците на дел од село Кондово во општина Сарај ќе останат без електрична енергија.
Македонија
Сончево време со услови за пороен дожд попладне
Времето денес ќе биде променливо облачно и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладневните часови претежно во северните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Од четврток до сабота ќе преовладува сончево и топло време. Промена на времето со локални врнежи од дожд, наместа пообилни и пад на дневната температура се очекува од недела.
Македонија
Земјотрес во Скопје
Земјотрес во 21:46 часот беше почувствуван на територијата на Скопје.
Според информациите, земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала.
Длабочината на потресот, според информациите од ЕМСЦ е 6 километри.