Македонија
Утре започнува Декадата за безбедност на патиштата
Под мотото „Време е за акција“ од утре во Македонија, како и во целиот свет, започнува Декадата на акција на Обединетите нации за безбедност на патиштата.
Под мотото „Време е за акција“ од утре во Македонија, како и во целиот свет, започнува Декадата на акција на Обединетите нации за безбедност на патиштата.Иницијативата за поддршка на Декадата за безбедност на патиштата има за цел подигнување на свеста кај граѓаните за зголемување на безбедноста во сообраќајот на сите учесници, а во неа се вклучуваат АМСМ, Министерствата за внатрешни работи и за транспорт и врски.Министерката за внатрешни работи на денешната презентација на националната кампања за безбедност рече дека во последниве години по патиштата низ државава се случуваат во просек по 130 сообраќајни несреќи со фатални последици. Од 2001 заклучно со 2010 година на патиштата низ државава се регистрирани вкупно 1.307 несреќи во кои загинале едно или повеќе лица. Во последните десет години регистрирани се 30 илјади сообраќајни несреќи, додека сообраќајни несреќи со помала или поголема материјална штета се случуваат двојно повеќе. Од нив 2.868 несреќи се случиле во кои учесниците во сообраќајот се здобивале со повреди од различен карактер, вклучувајќи и краен инвалидитет. Статистиките покажуваат дека над 95 проценти од сообраќајните несреќи се предизвикани од човечки фактор, односно од лицата кои управувале со патничките возила и тоа поради непочитување на сообраќајните знаци, особено поради управување на возило со поголема брзина или неприлагодена брзина кон условите на патот и непочитувањето на правилата за првенство на минување.Според Јанкуловска, големо влијание врз сообраќајните несреќи има и инфраструктурата и сообраќајната култура.Само во текот на минатата година сообраќајната полиција презела 310 илјади превентивни мерки.Во националната кампања за безбедност на патишта која започнува утре во 12 часот и 30 минути ќе учествува и полицијата со делење на пропагандни материјали посветени на подигнување на свеста за опасностите од непочитувањето на сообраќајните правила. крај/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

