Македонија
Цивил: Партиите нема да штедат средства за да дојдат до гласови
Состојбите во партиско – политичкиот амбиент во земјава во предизборието не ветуваат избори без насилство. Ова е гледиштето на невладината организација „Цивил“ пред претстојните парламентарни избори на 5 јуни.
Состојбите во партиско – политичкиот амбиент во земјава во предизборието не ветуваат избори без насилство. Ова е гледиштето на невладината организација „Цивил“ пред претстојните парламентарни избори на 5 јуни.
Отворените непријателства меѓу главните политички опоненти во земјава кои резултираат и со евидентна поделеност меѓу граѓаните, неколкуте инциденти пред самиот почеток пред изборната кампања, кршењето на изборни штабови на партиите се причините поради кои од „Цивил“ не се оптимисти дека Македонија ќе има избори без насилство.
„Намерата на партиите е да се победи по секоја цена од двете страни. Затоа се подгрева тензијата, се загреваат сопствените кампуси да направат се што е можно, а тука се плашиме дека во се што е можно има и не само ненасилни и цивилизирани методи“ вели Илир Ајдини од „Цивил“.
„За овие избори влогот е огромен, да не кажам капитален, ова се избори после кои можеби ќе снема одредени политички субјекти, односно ќе бидат подмолно маргинализирани и затоа мислам дека по секоја цена политичките партии, барем оние кои претендираат на повисок број места во парламентот, а се разбира да формираат влада се обидуваат да земат повеќе гласови. Мислам дека нема да штедат на средства, на инструменти и на злоупотреби да дојдат до што е можно повеќе гласови. Се разбира тоа нема воопшто да биде добар капитал за понатамошно менаџирање со земјата бидејќи кога ќе дојдете на власт по пат на нерегуларни избори, секако дека не можете да ја регулирате земјата потоа да работи чесно и во ваша корист“ вели Џабир Дерала, претседател на Цивил.
За таа цел, за превенирање на насилството на изборите, центарот за слобода „Цивил“ спроведува проект за спречување на насилството за претстојните избори што ќе се одржат на 5 јуни. Кампањата ќе опфати продукција на аудио и видео спотови кои ќе се емитуваат на националните и локалните електронски медиуми, со пораки против насилството и оруженото насилство.
Освен ова, кампањата опфаќа и теренски активности за превенција од насилство во над 20 општини во Македонија, Чаир Сарај, Шуто Оризари, Центар, Аеродром.
„Ќе бидеме достапни 24 часа да се пријави насилство, а од наша страна веднаш ќе биде реагирано така што ќе се излезе на лице место да се утврди“ вели Дерала./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

