Македонија
СДСМ: Јавниот обвинител и ДИК да реагираат за изборните списоци
СДСМ го повика Јавниот обвинител во координација со ДИК да реагира за сите евентуални кривични дела поврзани со изборите, бидејќи ваквите дела се процесираат по итна постапка.
СДСМ го повика Јавниот обвинител во координација со ДИК да реагира за сите евентуални кривични дела поврзани со изборите, бидејќи ваквите дела се процесираат по итна постапка.
„Вчера, Груевски бегаше од новинарите, денес се заканува со тужби за А1 телевизија и прават циркуси пред МВР. Во секоја нормална демократска држава после ваков скандал премиерот не само што безусловно поднесува оставка, туку се повлекува и од политиката. Но, за Груевски повторно е виновен некој друг, со што потврдува дека е подготвен на се’ за да избега од сопствената одговорност. СДСМ го повикува Јавниот обвинител да делува веднаш, бидејќи согласно законот сите евентуални кривични дела поврзани со изборите се процесираат по итна постапка,“ рече Гордан Георгиев, портпарол на Изборниот штаб на СДСМ.
Според него, премиерот Никола Груевски бара помош од Гордана Јанкуловска, носителот на листа на ВМРО – ДПМНЕ, која претставувала „можен соучесник во скандалот со списоците со кои е сторено тешко кривично дело и директно е загрозен изборниот процес“.
Реакцијата на СДСМ пристига по повлекувањето на одлуката од страна на ВМРО-ДПМНЕ да ги повлече сите тужби и да не тужи новинари за нивната работа, која тие изјавија дека ја повлекле поради прилогот објавен на ТВ А1, за притисоците врз јавната администрација од страна на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето на престојните избори./крај/со/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

