Македонија
Жестока расправа во ДИК, дел од членовите ја напуштија седницата
Регистрацијата на партијата Санџачка лига која е дел од коалицијата на СДСМ, беше причината поради која денеска се водеше жестока расправа во Државната изборна комисија (ДИК) и поради која дел од членовите на Комисијата ја напуштија седницата.
Регистрацијата на партијата Санџачка лига која е дел од коалицијата на СДСМ, беше причината поради која денеска се водеше жестока расправа во Државната изборна комисија (ДИК) и поради која дел од членовите на Комисијата ја напуштија седницата.Сашо Срцев побара од претседателот на ДИК по покажувањето на судска одлука дали Санџачката лига е регистрирана на 5-ти мај годинава и дали е нова партија.На тоа претседателот Борис Кондарко рече дека некои членови свесно и оркестрирано сакаат да ја проблематизираат коалицијата на СДСМ и најави дека ќе побара од службите во Комисијата да му достават образец за преглед на изборните листи од ВМРО-ДПМНЕ. Рече дека нема да дозволи да се прави маскенбал од ДИК. Кондарко истакна дека нема да помине преку тоа, по што членовите Срцев, Јован Јосифовски и Влатко Сајкоски ја напуштија седницата, со образложение дека биле навредени, а продолжение на истата е закажано за околу еден час.Претходно за членовите на ДИК беше спорен дневниот ред, односно втората и третата точка, информацијата на А1 Телевизија, со материјали за притисоци од страна на ВМРО-ДПМНЕ врз јавната администрација и на Демократска десница.Претседателот на ДИК рече дека информацијата е од голема важност и оти тоа е причината што ги ставил точките на приоритетно место на дневниот ред.Јосифовски образложи дека материјалот го добил доцна и дека немал време да го разгледа за компетентно да расправа за истата.Сајкоски побара точката да биде отфрлена од дневниот ред и да биде ставена на друга седница, а Бедредин Ибраими побара точките да бидат ставени подолу на дневниот ред.По повеќе од еден час расправа членовите на ДИК го утврдија дневниот ред и со тоа се ставија како последни точки./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Левица: Ќе поднесеме предлог – закон за департизација и искоренување на непотизмот во јавното здравство
Пратеничката група на Левица до Собранието на Република Македонија ќе поднесе Предлог-закон за укинување на дискреционото право на директорите во јавното здравство при вработување, со кој се воведува обврска за избор на најдобро рангираните кандидати на транспарентни конкурси со јасни, мерливи и проверливи критериуми, соопштија од партијата.
Од таму појаснуваат дека со Предлог-законот се прави неопходен и одлучен чекор кон дефинитивно укинување на децениските практики на непотизам, партизација и клиентелизам, преку елиминирање на дискреционите овластувања и воведување задолжително почитување на ранг – листите и објективните критериуми при вработување.
„Јавното здравство со децении е оптоварено со системски непотизам, партизација и клиентелизам, каде што роднинските врски и партиската подобност се вреднуваат повеќе од стручноста, знаењето и професионалниот интегритет. Дискреционото право на директорите се претвори во институционализиран механизам за репродукција на привилегии, со што јавното здравство функционира како затворен систем на наследни и партиски вработувања. Како директна последица на ваквите политики, најквалитетните и највисоко рангираните здравствени работници се системски оттурнати од јавното здравство и принудени својата професионална кариера да ја продолжат во приватните здравствени установи во државата, каде што нивното знаење станува пазарна стока или во здравствените системи во странство, каде што државата практично го извезува сопствениот образуван кадар од државните универзитети“, велат од партијата.
Овој двоен одлив, кон приватниот сектор и кон странство, додаваат од Левица, претставува тежок удар врз јавното здравство.
Според Левица, државата инвестира во образование и обука на здравствени работници, а придобивките од таа инвестиција ги собираат приватните профитни структури, други држави или промена на професијата. Истовремено, велат од Левица, Фондот за здравствено осигурување сноси дополнителни трошоци за лекување во приватни установи и во странство, додека пациентите продаваат дел од својот имот да се лекуваат во приватни клиники или други држави.
„Јавното здравство мора да биде систем на знаење, одговорност и еднакви шанси, а не поле за семејни и партиски привилегии. Левица ги повикува сите пратеници во Собранието да го поддржат овој Предлог-закон и да застанат на страната на јавниот интерес, здравствените работници и пациентите. Поддршката на овој закон е јасен показател дали се брани јавното здравство или се продолжува со заштита на непотизмот и клиентелизмот“, велат од Левица.
Македонија
Продлабочување на стратешкото партнерство со САД во фокусот на средбите на Гаши во Вашингтон
За време на работната посета на Вашингтон, претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот на САД.
„На оваа средба беше потврдено непоколебливото партнерство меѓу двете земји, изградено врз заеднички демократски вредности, посветеноста на владеењето на правото, борбата против корупцијата и посветеноста на меѓународниот мир и стабилност. Соговорниците разменија мислења за актуелните геополитички настани, безбедносните предизвици и конструктивната улога на Република Северна Македонија како фактор на стабилност во Западен Балкан“, соопштија од Собранието.
Гаши информирал за континуираните напори за полноправна интеграција во Европската унија и изразил благодарност за континуираната поддршка на САД во процесот на реформите.

Гаши на средбата беше придружуван од потпретседателите на Собранието, Антонијо Милошоски и Јован Митрески, како и од владината делегација, составена од министерот Стефан Андоновски, Златко Пирински и генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.
По средбите во Вашингтон, Гаши се сретна и со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Република Северна Македонија и докажан пријател на земјата, со кого разговарале за неодамнешните политички настани и продлабочувањето на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави.
На средбите биле потврдени одличните билатерални односи и заедничката посветеност за продлабочување на трансатлантската соработка.
Македонија
СДСМ ги осуди заканите и навредите кон новинарот Видиновски: Институциите да реагираат
„СДСМ најостро ги осудува заканите и личните навреди кон новинарот Александар Видиновски, кон граѓаните и директорот на Канал 5 Телевизија од бугарски државјани“, велат од СДСМ.
„Говорот на омраза, заканите и навредите се недозволиви, претставуваат атак врз целата новинарска професија, слободата на говорот и слободата на информирање кои се европски вредности.
Ги повикуваме институциите да реагираат и да ги преземат сите мерки за санкционирање“, соопшти СДСМ.

