Македонија
СДСМ го повика Шврговски да не потпаѓа под притисоци
СДСМ денеска ја поздравија одлуката на Јавното обвинителство да отвори предмет по прилогот на А1 телевизија за злоупотреба на слободата на изразување на граѓаните на изборите, притоа повикувајќи го обвинителот Шврговски да не потпаѓа под притисоци.
СДСМ денеска ја поздравија одлуката на Јавното обвинителство да отвори предмет по прилогот на А1 телевизија за злоупотреба на слободата на изразување на граѓаните на изборите, притоа повикувајќи го обвинителот Шврговски да не потпаѓа под притисоци.
„Македонија е пред избори, а злоупотребите се сериозни и можеби имаат влијание врз изборниот процес. Како што стојат работите, обвинителството во моментов е единствениот орган кој може да го врати изборниот процес во нормала. И покрај јавно декларираната блискост до власта, го повикуваме обвинителот Шврговски да не потпадне под притисоци, кои судејќи по минатите искуства, најверојатно нема ни овој пат да изостанат“, рече потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.
СДСМ сметаат дека премиерот Никола Груевски нешто крие и дека не се соочува со јавноста.
„Самиот факт што вчера Груевски се појави на неговата омилена телевизија да одговара на нарачани прашања наместо да се соочи со јавноста е доказ дека тој нешто крие. Во спротивно, доколку навистина станува збор за монтирана афера, немаше три дена да бега од новинарите, а неговата партија да се заканува со тужби. Како и милион пати претходно кога треба да се вади, Груевски „непланирано“ се појави на телевизијата на неговиот коалиционен партнер и во 30 минути се обиде безуспешно да ја растера маглата“, истакна потпретседателот на СДСМ.
Тој додаде дека Груевски вчера несвесно признал дека списоците за кои зборува А1 не се монтирани.
„И што е најстрашно од сè, се обиде вината да ја префрли на своите партиски војници во јавната администрација, на кои тој им наредил да уценуваат за сигурни гласови“, рече Георгиев./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ДИК: Излезноста до 9 часот во четирите општини е 1,12 отсто
Државната изборна комисија на својата веб-страница објави дека до 9:00 часот утринава, излезноста на гласачите во четирите општини каде што се одржуваат повторени избори за градоначалник е 1,12%.
По општини:
– Врапчиште – 1%
– Гостивар – 0,93%
– Маврово–Ростуше – 2,89%
– Центар Жупа – 0,75%
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на прес-конференција кажа дека на избирачките места кои се отворени навреме, гласањето тече непречено, без поголеми тешкотии. Поради временските прилики со задоцнување се отворени неколку избирачки места, а едно избирачкото место во Ќафа не е воопшто отворено.
Денеска се гласа на вкупно 215 избирачки места, а право на глас имаат 128.286 избирачи.
Македонија
(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе
Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во 23:30 часот, откако со лицата не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, во акцијата биле ангажирани припадници на Одделот за специјални полициски операции, Одделот за униформирана полиција, како и на Дирекцијата за заштита и спасување.
Со две теренски возила, опремени со санки за снег и спасувачка опрема, екипите се упатиле кон местото на настанот.
„Денеска (11.01.) во 08:30 часот, лицата биле пронајдени и успешно извлечени во добра здравствена состојба. Станува збор за лицата Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје, кои се движеле со теренско возило марка „VW Amarok“ со скопски регистерски ознаки.
Тие биле пронајдени на локација позната како „Коритник“, во близина на предавателот на мрежата на А1, на атарот на село Лазарополе“, стои во објавата на МВР.
Македонија
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник
Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените гласачи.
Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија во текот на денот ќе информира за текот на гласањето и излезноста, а првичните резултати се очекуваат по доставувањето од општинските изборни комисии.

