Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ поткупува гласачи со расипано месо
ВМРО- ДПМНЕ е згрозена од информациите за запленетото расипано месо кое што вчера беше запленето во Шутка. Од таму се сомневаат дека расипаното месо би можело да служи за поткуп на гласачите на Шутка.
ВМРО- ДПМНЕ е згрозена од информациите за запленетото расипано месо кое што вчера беше запленето во Шутка. Од таму се сомневаат дека расипаното месо би можело да служи за поткуп на гласачите на Шутка.
„За што друго може да служи ова месо освен за поткуп и залажување на гласачите од Шутка. Зарем до таму се стигна. Не само што поткупуваат гласови туку вршат и поткуп со расипано месо. Не го почитувате ниту минималното човечко достоинство. Ако се потврдат информациите дека тоа месо било со рок на употреба до 2004 година, тоа значи дека месото можело да биде загадено со неколку типови опасни бактерии, при што настануваат труења кои можат да го загрозат и животот“ изјави доктор Андон Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, смешни се оправдувањата дека месото се користело за кучиња, бидејќи и за тоа требало да имаат дозвола.
„Со 2000 килограми ќе можело да се нахранат 200 000 кучиња“ вели Чибишев./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

