Македонија
Неправилно скеле – повторно причина за смртта на работникот
Државниот инспекторат за труд утврди недостатоци на скелето, од каде што падна и почина градежниот работник, кој работел на изградба на објектите каде треба да биде сместена финансиската полиција и Јавното обвинителство.
Државниот инспекторат за труд утврди недостатоци на скелето, од каде што падна и почина градежниот работник, кој работел на изградба на објектите каде треба да биде сместена финансиската полиција и Јавното обвинителство.„Несреќата се случила при пад од помошното скеле на висина од околу 15 м. Од инспекцискиот увид утврдени се недостатоци и за истото е дадена забрана за работа до отклонување на неправилностите“ се вели во соопштението на Трудовиот инспекторат.
Првичниот увид, исто така утврдил и дека работникот не го користел заштитниот појас со јаже со кој што бил задолжен, односно не бил закачен за безбедносна челична сајла. Во близина на местото на падот бил пронајден заштитен шлем.
Од трудовиот инспекторат велат дека причините за падот, во овие почетни фази од истрагата не можат да се утврдат бидејќи сè уште се прибира потребната документација, изјави од очевидци, раководители на објектите, градилиште, соработниците на работникот, наодите од обдукцијата и документацијата од областа на безбедност и здравје при работа.
Градежниот работник, педесет и двегодишниот Ласте Богатиновски од Куманово вчера загина при изградба на објектот каде што ќе биде сместена финансиската полицијаБогатиновски работел во фирмата „МАТО Инженеринг“ која била фирма подизведувач, а како изведувач се јавува градежното претпријатие „Бетон“.
За пет дена ова е втор работник кој загина при изградба на објект од проектот „Скопје 2014“. Во четвртокот на лице место почина работникот Горан Трајковски кој работел на изградба на објектот „Музеј на Македонската борба и жртвите од комунизмот“.
Трудовиот инспекторат и тогаш утврди дека скелето од кое што падна работникот било неисправно. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

