Македонија
Иванов: Граѓаните препознаваат кога работите во корист на сите
Граѓаните препознаваат кога работите во корист на сите и кога се вложувате себе си во работата, вели претседателот Ѓорге Иванов, коментирајќи ја анкетата спроведена за неговата работа од страна на ИПИС.
Граѓаните препознаваат кога работите во корист на сите и кога се вложувате себе си во работата, вели претседателот Ѓорге Иванов, коментирајќи ја анкетата спроведена за неговата работа од страна на ИПИС. При денешната посета на општина Ресен, Иванов им порача на политичарите дека нивната работа секогаш се препознава од страна на граѓаните. “Кога се вложувате во нешто и кога превземате се за да направите нешто во корист на сите што живеат во оваа држава, тоа граѓаните го препознаваат. Тоа што во изминатите две години го работев јас и мојот кабинет, го оценуваат преку вакви анкети и е позитивно што тој тренд е се попозитивен и попозитивен. Така што, би им упатил апел на сите политичари – секој што работи, секој што нешто вложува, што прави нешто за државата, секој пат граѓаните ќе знаат да го оценат и да го вреднуваат“, рече претседателот Иванов. Според анкетата на ИПИС, две години по преземањето на функцијата граѓаните ја оценија работата на претседателот Ѓорге Иванов со оценка 2,85, /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

