Македонија
Се проширува улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“
Град Скопје денеска ја започна првата фаза од проектот за проширување и реконструкција на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“.
Град Скопје денеска ја започна првата фаза од проектот за проширување и реконструкција на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Улицата ќе се проширува на потегот од улицата „Франклин Рузвелт “до улицата „Костурски херои“ и кон улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ до свртувањето в десно кон улицата „Народен фронт“. Ќе се проширува од десната страна во насока од општината Карпош кон општината Центар во вкупна должина од 1.600 метри. Сообраќајницата ќе добие 4 сообраќајни ленти (по две во секоја насока) со вкупна широчина од 13 метри и тротоари од двете страни со широчина од по 3,5 метри. Од десната страна на булеварот ќе биде поставено ново улично осветлување. Се предвидува и посебен џеб за возилата од јавниот превоз, како и пешачки и велосипедски патеки на тротоарите. Атмосферските води од новопроширената улица ќе се слеваат во постоечката атмосферска канализација.Стартот на градежните работи на оваа улица го означија градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и премиерот Никола Груевски.Трајановски рече дека градежните работи се отпочнуваат во пресрет на летото кога се очекува сообрачајот да биде намален„Она што ќе биде белег на овој проект, а воедно и заштитен знак на оваа модерна сообраќајница, е турбо кружниот тек што ќе се формира во делот меѓу улиците „Митрополит Теодосиј Гологанов“, „Костурски херои“ и „Мито Хаџивасилев Јасмин “ кај Католичката црква. Овој кружен тек ќе претставува прв објект од ваков тип во Скопје. Приливот на возила кон кружната крстосница ќе го контролираат двете нови семафоризирани крстосници, на улицата „9.Мај“ и на свртувањето кон улицата „Народен фронт“. Реализацијата на проектот во голема мера ќе придонесе за решавање на сообраќајните проблеми во централното градско подрачје, ќе се зголеми проточноста на возила и ќе се намали времето на патување, што ќе придонесе за заштита на животната средина. Треба да се нагласи дека формирањето на кружниот сообраќаен тек директно ќе влијае врз зголемувањето на безбедноста во сообраќајот во овој дел од градот“ – истакна Трајановски.Тој додаде дека при проширувањето, улицата „9.Мај“ ќе биде отворена како еднонасочна, при што овој дел ќе биде семафоризиран. Еднонасочен сообраќај ќе се воведе и на улицата „Костурски херои“. Исто така, семафоризација ќе биде направена во делот на свртувањето од улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ кон улицата „Народен фронт“, при што и оваа уличка ќе добие четири ленти. Премиерот Груевски, истакна дека ваква градежна експанзија Скопје не памети од по земјотресот во 1963 година, во последните 40 години.На проширување и реконструкција на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов ќе работат екипите на градежната фирма „Бауер БГ“, а градежните работи треба да завршат за пет месеци. За целосна реконструкција на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов Градот Скопје ќе потроши околу 72 милиона денари. Втората фаза од овој капитален проект продолжува со подготовка на техничка документација за проширување на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ од вкрстувањето со улицата „Франклин Рузвелт“ до улицата „Московска“, со иста ширина..крај/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

