Македонија
Судење Сопот : Преживеаната преведувачка слушала крици од војниците
Во Основниот суд 1 во Скопје денеска сведочеше Поликсена Филиповска, преведувачката која преживеа 2003 година експлозија на мина под џип на КФОР. Тогаш загинаа двајца полски војници и еден цивил.
Во Основниот суд 1 во Скопје денеска сведочеше Поликсена Филиповска, преведувачката која преживеа 2003 година експлозија на мина под џип на КФОР. Тогаш загинаа двајца полски војници и еден цивил. По неколкуте постапки против повеќемина обвинети од селото Сопот кои одговараа за подметнување на мината, процесот е вратен на почеток и сите предмети се споени во еден. Преведувачката пред судот во детали раскажуваше како КФОР ги вршело патролите во кумановскиот реон по конфликтот од 2001 годна. „дента ни дадоа нов џип и тргнавме во патрола. Но овојпат невообичаено војниците ја сменија рутата и на неколку места се задржаа за да се консултираат од каде ќе се враќаме кон базата. Ги зедовме и сопружниците Кипријановски. По патот видовме маж со бела коса и со волчјак кој не’ загледуваше. Откако го заминавме се случи екслозијата. Тој маж сум го видела неколкупати во таа област, но не знам кој е”, сведочеше Филиповска. Потоа повторно со неверојатни сеќавања од настанот Филиповска раскажуваше што се’ случило по екплозијата. „Кога се освестив ,почувствував силна болка во цело тело. Околку мене ги слушав лелеците и криците на војниците. Еден од нив викаше по радиоврска за помош. Потоа дојдоа мажи кои зборуваа на албански и се вртеа околу нас. Два часа лежевме и чекавме лекарска екипа”, раскажуваше Филиповска. Според нејзиното кажување, требало да ги спасува хеликоптер на КФОР, но поради безбедноси услови се’ додека не дошла полиција да го обезбеди теренот помош не пристигнала. По два часа со амбулантни возила повредените биле однесени во болница. Таа пред судот ги кажа бројните повреди кои ги здобила од екслозијата. Имала потрес на мозокот, пукнати коски низ целото тело, пукната карлица, повреда на левото рамо и нагмечување на нерв од што сега е траен инвалид со левата дланка. Поднела тужба против државата, но досега не добила никакво обештетување. Сега Македонија ќе ја тужи во судот во Стразбур. Филиповска на прашања на адвокатите кажа дека и’ оставило впечаток дека за разлика од другите села, во Сопот жителите биле нерасположени кон КФОР и се иднесувале со одбојност. Од обвинетите во судницата никого не препозна и побара судот и државата да ги најде и подметнувачите и нарачателите на терористичкиот напад. За следното рочиште во судот треба да се појави единствениот сведок кој според собраниската комисија дал лажен исказ под полициска тортура. Тој прво ги идентификувал сега обвинетите, но потоа вели дека тие не се сторителите/. крај.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

